Домашни лекови од цитруси за чисто лице, прекрасна коса и заштита од кашлица

Цитрусите содржат неверојатно високо количество на здрави материи што ја разбиваат монотонијата на едноличната зимска исхрана и ни овозможуваат полесно да ги совладаме предизвиците на ладните денови со цел да ги зачуваме здравјето и расположението. Во продолжение следуваат неколку рецепти што едноставно морате да ги пробате. Верувајте ни, ќе бидете воодушевени од ефектот.

Домашни лекови од цитруси за чисто лице, прекрасна коса и заштита од кашлица

1. Прочистувачка маска од портокали

Потребни состојки:
  • Свежо исцеден сок од половина портокал
  • Неколку лажички интегрално брашно
Начин на подготовка и употреба:

Почнете да додавате брашно во сокот, притоа мешајќи. Застанете кога ќе добиете густа смеса што веќе не може да се меша. Нанесете ја на чисто лице и оставете ја делува околу 20 минути, па темелно измијте со топла вода.

2. Бања од лимони и сурутка

Потребни состојки:
  • 5 лимона
  • 8 капки лимоново масло
  • 2 литра сурутка
Начин на подготовка и употреба:

Исцедете го лимонот, па заедно со лимоновото масло измешајте го во сурутката. Наполнете ја кадата со топла вода, околу 34-36 степени Целзиусови, и сипете ја смесата внатре. Потопете се околу 15-20 минути и потоа само исплакнете се.

3. Пакување за сјајна коса

Потребни состојки:
  • Свежо исцеден сок од 1 лимон
  • 2 лажички маслиново масло
  • 500 милилитри вода
Начин на подготовка и употреба:

Измешајте го лимоновиот сок со водата, а потоа додајте го и маслиновото масло. Загрејте ја мешавината на телесна температура, па измасирајте ја косата со него. Замотајте ја со пешкир и оставете да делува околу 30-45 минути, а потоа измијте ја.

4. Прашок за заби со портокал и ментол

Потребни состојки:
  • 40 грама кора од портокал
  • 30 грама суви листови од нане
  • 10 грама морска солта
Начин на подготовка и употреба:

Измијте ја и изрендајте ја кората од портокал и оставете ја преку ноќ да се исуши. Следниот ден со прсти изронете ги листовите нане, па помешајте ги со кората од портокалот и солта. Ставете ја мешавината во тегла што добро се затвора. Кога ќе ги миете забите, ставете малку прашок на влажна четка. Таа делува антибактериски, дезинфицира и го освежува здивот.

5. Мешавина против кашлица од лимонови лисја и мајчина душичка

Потребни состојки:
  • 20 грама мајчина душичка
  • 30 грама лимонови лисја
  • 1 литар вода
Начин на подготовка и употреба:

Загрејте ја водата до вриење, и потоа прелијте ги билките со неа, па оставете да отстојат додека водата не стане млака и исцедете. Пијте по три пати во текот на денот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар