Алтернативни употреби на машината за миење садови

Алтернативни употреби на машината за миење садови

Што друго би можеле да перете во машината за миење садови? Во продолжение ќе пронајдете 12 совети за тоа што смеете, и тоа што не смеете да ставите во машината за садови. Сепак, пред да одлучите да перете нешто на овој начин, секогаш имајте го на ум следново правило: ако станува збор за нешто што не би сакале да го изгубите или да го оштетите, а не сте сигурни дали ќе ја преживее машината, подобро исперете го на друг начин.

Не мора постојано да користите детергент за миење садови, и исто така, наместо во решетката, капсулата можете да ја ставите директно на производот. За количината детергент, најчесто ќе мора самите да одлучувате во која количина да употребите, во зависност од големината и материјалот на тоа што сакате да го исперете.

1. Капите можат да го изгубат својот облик ако се перат во машина за алишта, но тоа нема да се случи ако ги исперете во машината за садови. Истото важи и за спортските штитници и сите други алишта чијшто облик треба да се задржи. Но, никако немојте да ја перете во исто време со садовите.

2. Чизмите за дожд може слободно да се перат во машината за садови, само не заборавајте да ја измиете машината пред да ставите повторно садови во неа.

3. Металните и пластичните играчки на вашите најмали без никаков проблем можат да се перат во машината за садови. Тука спаѓаат и Лего коцките.

4. Керамичките декоративни фигури и чинии исто така можат да се перат на овој начин. Само не заборавајте да ја прилагодите температурата.

5. Четките и чешелите за коса (што не се направени од природни материјали) одлично се мијат во машината за садови. Само не заборавајте претходно да ги отстраните влакната за да не го затворите одводот.

6. Решетките, пластичните капаци на прекинувачите и вентилите исто така можат без никаков проблем да се перат во машината за садови.

7. Градинарските алатки можат да се перат во машината за садови, но бидејќи се во контакт со земја и пестициди, немојте да ги миете истовремено со други предмети.

8. Сите делови што можат да се отстранат од плафоните, лустерите и ламбите можат слободно да се перат во машината за садови.

9. Компирите исто така можат одлично да се исперат доколку ги ставите на програмата за плакнење, и секако, не користите детергент.

Погледнете ги и овие 10 неверојатни трикови за чистење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар