Најдобрите апликации за следење на вашиот менструален циклус

Ниту една девојка не ја сака својата менструација, но еден од најдобрите начин да го разберете вашето тело е да го следите менструалниот циклус и да ги забележувате вашите ПМС симптоми. Овие бесплатни апликации се едноставни за користење и се сè што ви е потребно за следење на месечниот циклус.

1. Clue

Најдобрите апликации за следење на вашиот менструален циклус

Оваа апликација е прогласена за најдобра од овој вид од страна на списанието „Obstetrics & Gynecology“. Апликацијата се истакнува благодарение на нејзиниот софистициран дизајн. Таа не само што го следи менструалниот циклус и ПМС симптомите, туку ви помага да го следите вашиот сексуален живот, интензитетот на крвавење, расположението, па дури и кои продукти сте ги користеле во тој период.

2. Fitbit

Најдобрите апликации за следење на вашиот менструален циклус

Според неодамнешно истражување од Fitbit, 80% од испитаниците не знаеле колку фази има во менструалниот циклус (четири), а 70% не знаеле колку долго трае циклусот (21-35 денови). За да го поправи тоа, популарната апликација за фитнес и спиење додала опција и за дамите. Со апликацијата можете да видите до каде е вашиот циклус, кога да ја очекувате следната менструација и кога настанува овулација. Покрај тоа можете да внесувате детали како интензитет, видови исцедок, ПМС симптоми и дали сте имале заштитен секс.

3. Flo

Најдобрите апликации за следење на вашиот менструален циклус

Flo е одлична апликација за оние кои не сакаат да бидат бомбардирани од многу информации. Во најосновната верзија внесувате само почеток и крај на вашата менструација. Ако сте подготвени за повеќе, можете да ги следите вашите симптоми, расположение, па дури да направите и потсетник за купување хигиенски влошки.

4. Period Tracker Lite

Најдобрите апликации за следење на вашиот менструален циклус

Едноставниот интерфејс на апликацијата навистина ја олеснува нејзината употреба – потребно е само да го притиснете копчето кога ќе започне менструацијата и апликацијата ќе се погрижи за останатото. Можете да додадете и забелешки и симптоми.

5. Eve

Најдобрите апликации за следење на вашиот менструален циклус

Оваа апликација има многу опции што ќе им се допаднат на девојките. Овде има интересни секс квизови и секојдневни совети во зависност од тоа до каде е вашиот циклус. Апликацијата исто така идентификува шеми кои се уникатни за вашето тело и можете да ја синхронизирате со Apple Health Kit за да имате подобра слика за целокупното здравје.

6. Period Diary

Најдобрите апликации за следење на вашиот менструален циклус

Со над 30 ПМС симптоми и над 20 расположенија, оваа апликација сака да бидете што е можно попрецизни за тоа како се чувствувате во секоја фаза од циклусот. Апликацијата се синхронизира со вашиот календар па секогаш имате преглед за она што се случува.

7. Cycles

Најдобрите апликации за следење на вашиот менструален циклус

Оваа апликација е уникатна бидејќи не е направена само за вас, туку и за вашиот партнер. Поканете го да ви се придружи за да има преглед за вашиот месечен циклус. Забелешките и потсетниците можете да ги гледате само вие. На овој начин ќе ги следите вашите плодни денови и ќе можете да го планирате сексуалниот живот.

Прочитајте ги и овие помалку познати факти за менструацијата.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар