Намалете го стресот и подобрете си го секојдневието: Најдобрите бесплатни апликации за медитација

Намалете го стресот и подобрете си го секојдневието: Најдобрите бесплатни апликации за медитација

Иако науката укажува на фактот дека социјалните мрежи се темпирана бомба што допринесува за анксиозноста, депресијата и несоницата, поголемиот дел од луѓето едноставно не сакаат да се откажат од нив. Па, ако и вие се пронајдовте во овие проблеми, а не сакате да се откажете од социјалните мрежи, или пак, не верувате дека тие се причина за вашата состојба, тогаш обидете се да си го смирите умот со помош на овие апликации за медитација. Тие се најдобро оценети од своите корисници коишто пак, тврдат дека имаат моќ да го подобрат квалитетот на животот.

1. Ако сакате да создадете секојдневна навика, пробајте ја Headspace

Апликацијата е основана и развивана од страна на будистички монах, и нуди над стотина водичи за медитација коишто ви говорат што точно да правите и како да се чувствувате. Постојат три медитативни пакети во времетраење од 10 дена што на корисниците им овозможуваат да ги откријат основите на медитацијата и да се соочат со проблемите со анксиозноста и продуктивноста.

2. Ако сакате да одвоите момент само за себе, пробајте ја Stop, Breath & Think

Станува збор за водена медитација во секој момент. Оваа апликација ве поттикнува на физички, ментални и емоционални проверки и ви нуди да изберете една од аудиотемите во должина од 2 до 15 минути. Бидејќи има инструкции за затворање на очите, длабоко вдишување и други видови насоки, вие можете да го одберете и гласот што најмногу ви пријае. Во апликацијата исто така се вклучени и вежби за визуализација што ви помагаат ментално да се пронајдете на песочна плажа.

3. Ако сте почетници, тогаш пробајте ја Simply Being Guided Meditation

Оваа апликација е многу едноставна за користење и ви помага да стекнете основни вештини во сеанси што траат од 5 до 20 минути. Одберете звук на океан, дожд или поток и соединете се со природата. Сесиите ќе ве опуштат, ќе ве подготват за секојдневните проблеми и ќе ви го исполнат денот целосно.

4. Ако сте професионалци, пробајте ја Meditation Helper

Совладувањето на техниките за дишење е клучно доколку сакате да бидете смирени и да се исклучите од реалноста на материјалниот свет. Оваа апликација може да им помогне на сите љубители на медитирањето да ја претворат оваа активност во редовна. Но, имајте на ум дека нејзината основа цел е да ве води низ техниките за дишење покрај музичка подлога со песни по ваш избор.

Фрлете око и на овие 7 корисни апликации што сигурно не сте знаеле дека ви требаат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар