Компјутерски инженер направил засолниште со вештачка интелигенција кое згрижува 174 мачки

Компјутерски инженер направил засолниште со вештачка интелигенција кое згрижува 174 мачки

Еден маж од Кина кој бил загрижен за состојбата на уличните мачки во Пекинг, неодамна го направил првото засолниште за мачки со вештачка интелигенција. Уан Џи е компјутерски инженер кој отсекогаш ги сакал животните. Ги хранел уличните мачки и им давал вода. Оваа студена зима отишол чекор подалеку и сега уличните мачки од Пекинг имаат безбедно, топло и навистина интересно засолниште.

Компјутерски инженер направил засолниште со вештачка интелигенција кое згрижува 174 мачки

Уан контактирал неколку волонтери кои згрижувале животни со цел да научи повеќе за животната состојба на уличните мачки. Тој открил дека повеќето од нив не живеат подолго од две години поради недостатокот од медицински надзор, бидејќи многу од нив имаат чести болести кои не се третирани. Неговите собрани податоци покажале дека само 4 од 10 мачки успеваат да ја преживеат студената зима. Засега се претпоставува дека околу 40.000 мачки живеат на улиците во Кина. Кога го сфатил ова, Уан решил да им помогне.

„На почетокот само сакав да им овозможам топло место во текот на зимата, со храна и вода што не е замрзната.“

Компјутерски инженер направил засолниште со вештачка интелигенција кое згрижува 174 мачки

Неговиот проект набрзо пораснал и Уан создал технолошки напредно засолниште за мачки кое може да служи и како привремена ветеринарна клиника. Температурата во засолништето е 27 степени Целзиусови, а вратите се отвораат со помош на камери што препознаваат лица. Паметните камери можат да забележат и потенцијални проблеми со здравјето на мачките.

Компјутерски инженер направил засолниште со вештачка интелигенција кое згрижува 174 мачки

Со ова паметно засолниште управува тим волонтери кои се известувани за секој проблем. Податоците редовно се надградуваат, а волонтерите добиваат известувања во нивните канцеларии. Тие добиваат информација ако мачката има и некоја од честите болести. Засолништето може да покаже и дали мачката е стерилизирана или кастрирана.

Компјутерски инженер направил засолниште со вештачка интелигенција кое згрижува 174 мачки

Но мачките немаат само храна и вода во засолништето, туку имаат и играчки. Сепак, најважното од сè е што имаат каде да ги поминат студените зими и имаат тим од прекрасни луѓе кои доброволно се грижат за нив.

Дали знаете како мачките ја искажуваат нивната љубов?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар