После речиси 15 години, НАСА се збогува со роверот Opportunity

После речиси 15 години, НАСА се збогува со роверот Opportunity

На еден од најуспешните подвизи во меѓупланетарното истражување му дојде крајот. Роверот на НАСА ја заврши својата мисија после речиси 15 години истражување на површината на Марс. Овој ровер ѝ помогна на агенцијата да ги постави темелите за идното посетување на црвената планета.

После речиси 15 години, НАСА се збогува со роверот Opportunity

Роверот престана да комуницира со Земјата во јули 2018-та година, после огромна песочна бура која ја прекри неговата локација. После илјадници обиди повторно да се воспостави контакт, научниците не успеаја да го оживат роверот. Последната порака од роверот беше примена на 10-ти јуни.

Дизајниран да трае само 90 марсовски денови и да пропатува само 1.000 метри, овој ровер ги надмина сите очекувања за неговата издржливост, научна вредност и долговечност. Покрај тоа што „живееше“ 60 пати подолго од очекуваното, роверот пропатува над 45 километри пред да стигне на неговата последна дестинација на Марс.

Последниот пренос ѝ стави крај на 8-месечната стратегија за повторно воспоставување комуникација со роверот.

Роверот слета на Марс на 24-ти јануари 2004-та година, седум месеци по неговото лансирање. Неговиот ровер близнак, Spirit, се приземји 20 денови порано на другата страна на Марс. Овој ровер помина речиси 8 километри пред да ја заврши неговата мисија во мај 2011-та година.

Од денот на слетувањето на Opportunity, тим од инженери, пилоти за роверот и научници соработуваа за да ги надминат предизвиците и да го однесат роверот од едно место на Марс до друго. Тие бараа пат по кој ќе може да се движи роверот од 174 килограми, но кој сепак бил исполнет со камења, удолници, кратери и други пречки. Последната дестинација на роверот е Долината на истрајноста (Perseverance Valley).

„Не можам да помислам на посоодветно место за Opportunity од она наречено Долина на истрајноста. Податоците, откритијата и самата издржливост на овој мал ровер се доказ за генијалноста, посветеноста и истрајноста на луѓето што го изградија и што го контролираа“, изјавил Мајкл Ваткинс од НАСА.

Погледнете и дел од фотографиите од Марс што ги направи роверот изминативе години.

После речиси 15 години, НАСА се збогува со роверот Opportunity

После речиси 15 години, НАСА се збогува со роверот Opportunity

После речиси 15 години, НАСА се збогува со роверот Opportunity

После речиси 15 години, НАСА се збогува со роверот Opportunity

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар