Во повеќето случаи, женскиот мозок е помлад од машкиот

Eдно истражување покажало дека женскиот мозок е биолошки помлад од мозокот на мажите на иста возраст. Барем според некои мерила.

Во повеќето случаи, женскиот мозок е помлад од машкиот

Научниците анализирале снимки од мозоците на 200 возрасни личности и особено внимание обрнале на насоките на метаболизмот на мозокот, за кои е познато дека се менуваат со текот на годините. Врз основа на овие податоци се заклучило дека во просек, женскиот мозок е три години „помлад“ од оној на мажите на иста возраст.

Научниците истакнале и дека „метаболичката младост“ на женскиот мозок се поклопува и со подолгиот животен век на жените во споредба со мажите.

„Не можеме да кажеме дека машкиот мозок старее побрзо“, изјавил Ману Гојал, еден од авторите на истражувањето.

При влегувањето во зрелата животна доба, мозокот на мажите е постар за три години, а ова трае до крајот на животот.

Една од многу теории што го објаснуваат ова е дека хормоните го обликуваат метаболизмот на мозокот во младоста, па женскиот мозок е помлад од машкиот кој се развива покасно. Метаболички младиот мозок може да им овозможи на жените одредена отпорност на промените поврзани со стареењето.

Научниците се надеваат дека ќе откријат дали метаболичките разлики во мозоците на мажите и жените можат да имаат заштитна улога кај жените. Истовремено, тие утврдиле дека жените покажуваат подобри резултати во когнитивните тестови за разбирање и помнење, како и на тестовите за решавање разни задачи.

„Една од причините поради кои когнитивното слабеење е помалку изразено кај жените во староста е тоа што нивниот мозок е ефективно помлад“, изјавил Гојал.

Научникот додал и дека се потребни дополнителни истражувања со кои подобро ќе се разбере оваа разлика во „староста“ на мозоците кај половите. На овој начин ќе се утврди и дали староста на мозокот има влијание врз ризикот од појавата на болести на мозокот кои се поврзани со возраста, како на пример Алцхајмер.

Прочитајте ги и фактите за мозокот што ги докажуваат неверојатните способности на човекот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар