Норвешка шумска мачка: Прекрасно милениче кое сака други мачки и кучиња

Норвешка шумска мачка: Прекрасно милениче кое сака други мачки и кучиња

Норвешката шумска мачка има долго крзно што може да биде во различни бои. Позната е по влакнестите уши, а нејзината елеганција дополнително се истакнува со специфичната триаголна форма на главата, рамниот профил на носот, раскошна опашка и многу силно тело.

Норвешка шумска мачка: Прекрасно милениче кое сака други мачки и кучиња

Нејзината тежина може да варира од четири до десет килограми. Станува збор за раса со бавен раст, така што својата физичка и емоционална зрелост ја достигнува на возраст од четири години.

Мачките од оваа раса сакаат каква било интеракција со луѓето со кои живеат. Тие се независни и многу интелигентни мачки кои ги сакаат своите сопственици, но бараат многу внимание.

Норвешка шумска мачка: Прекрасно милениче кое сака други мачки и кучиња

Норвешката шумска мачка не го заборава своето потекло е голем ловец во срцето. Не се плаши од вода, сака да трча и да се крие низ домот и да се качува високо.

Норвешката шумска мачка е една од оние мачки што многу брзо ќе се спријатели со сите, вклучувајќи ги и другите мачки, но и кучињата.

Норвешка шумска мачка: Прекрасно милениче кое сака други мачки и кучиња

Погледнете што прават мачките кога не сте дома.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар