Филм: Невозможна мисија: Последици (Mission: Impossible - Fallout)

Филм: Невозможна мисија: Последици (Mission: Impossible – Fallout)

Итан Хант и неговиот тим, заедно со познати сојузници, се борат против времето кога една мисија ќе тргне наопаку

Режија: Кристофер Меквари

Улоги: Том Круз, Хенри Кавил, Винг Рејмс

Времетраење: 147 минути

Премиера: 27 јули 2018

Јазик: англиски

Жанр: акција, авантура, трилер

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 9,00 од 10)
Loading...

 

Новото продолжение на добро познатата франшиза е типична „Невозможна мисија“. Нашиот омилен тим на големото платно одново се соочува со незамисливи ситуации и истите ги надминува со исклучителна леснотија, притоа создавајќи една од најдобрите авантури што некогаш сме имале можност да ги искусиме во светот на филмовите. За ова потврдуваат и сите позитивни критики и коментари од професионалните критичари, љубителите на жанрот и останатите луѓе ширум светот што одлучиле да го погледнат овој филм.

„Невозможна мисија: Последици“ е филм што исто така ни покажува и дека Том Круз е спремен да умре за да создаде нешто во што ние ќе уживаме. Дејството изобилува со сцени за кои сите други актери би користеле каскадери, но не и Том Круз. Тој сака сè самиот да сними за да може што пореално и подетално да ни го долови моментот и целосно да нè внесе во приказната – исто како и ние да сме таму со него. Па, ако викендов немате што да правите, ви препорачуваме да го погледнете токму овој филм бидејќи еден од најдобрите невозможни мисии досега!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар