ТВ серија: Клоук и Дагер (Cloak and Dagger)

ТВ серија: Клоук и Дагер (Cloak and Dagger)

Двајца тинејџери од различни светови добиваат неверојатни супермоќи додека се заљубуваат еден во друг

Главни улоги: Оливија Холт, Обри Џозеф, Глорија Рубен

Жанр: акција, авантура, драма

Креатор: Џоу Покаски

Премиера: 7 јуни 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...

 

Ако мислевте дека сте виделе сè што може да постои во светот на Марвел, како и во животот на добро познатите суперхерои, тогаш единственото нешто што можам да ви го кажам е да ја погледнете оваа ТВ серија, бидејќи со само една епизода, целосно ќе ви го промени мислењето. Изгледа како креаторот на „Клоук и Дагер“ да ги изгледал сите досегашни серии со суперхерои и да го извлекол само најдоброто од нив, притоа создавајќи ја оваа одлична приказна.

Дејството го следи животот на Тенди и Тајрон, кои уште како деца ќе бидат целосно променети по смртта на личноста што тие ја сакале најмногу на целиот свет. Години подоцна, кога тие веќе се тинејџери, можеме да видиме дека трагедијата не ги сменила само нив, туку и нивните најблиски. Тенди, сега живее во делумно бездомништво, а Тајрон прави и повеќе од тоа што може надевајќи се дека ќе им помогне на неговите родители да не ја чувствуваат смртта на брат му.

Тоа по што се издвојува оваа ТВ серија од останатите во овој жанр е фактот што главните карактери се центарот на приказната, и буквално сè се врти околу нив. Тоа овозможува голем број минути посветени за развивање на нивните карактери, наместо одвлекување на вниманието со споредните, како и можност да ја спознаеме дури и најскриената страна на нивните комплексни личности. За вистинските љубители на овој жанр, ова е вистински рај.

Сепак, имајте на ум дека и покрај тоа што станува збор за ТВ серија каде што главните ликови се тинејџери, приказната е навистина темна и тешка за гледање. Се обработуваат големи проблеми како расизам, злоупотреба на дрога, сексуален напад и суицидна депресија. Овие теми не се лесни за гледање, правејќи ја самата серија потемна дури и од познатите Дердевил (Daredevil), Џесика Џоунс (Jessica Jones) и Лук Кејџ (Luce Cage).


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар