ТВ серија: Дердевил (Daredevil)

ТВ серија: Дердевил (Daredevil)

Уште една хит ТВ серија од Марвел

ТВ серија: Дердевил (Daredevil)Главни улоги: Чарли Кокс, Дебора Ен Вол, Елден Хенсон

Жанр: акција, криминал

Креатор: Дру Годарт

Премиера: 10 април 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (12 гласа, просек: 9,67 од 10)
Loading...

Доколку сте љубители на Универзумот кој го создаде Марвел, тогаш сигурно сте запознаени и со овој херој. Како и во претходните ТВ серии и филмови, тие повторно прават одличен избор на актери кои совршено ја одигруваат својата улога. Првата епизода започнува малку бавно, водејќи нè чекор по чекор во животот на Мет Мурдок и неговиот соработник Фоги Нелсон, но тоа не значи дека недостасува акција. Баш напротив, дејствата се одвиваат многу доследно и сите настани се фино распределени со цел да ни ја покажат подобро целата слика. Плус серијата е од Нетфликс, а тоа значи и дека сите епизоди се веднаш достапни за гледање.

(1) ТВ серија: Дердевил (Daredevil)

Приказната започнува со сообраќајна несреќа, каде што едно мало момче е повредено. Тоа сакајќи да спаси еден старец, останува без својот вид. Дејството нè води многу години подоцна, кога момчето е веќе возрасен човек. Мет Мурдок е сè уште слеп, но многу брзо ќе откриеме дека проблемот со неговиот вид не го спречува да го живее својот живот нормално и да продолжи со спасување на оние луѓе чии живот е во опасност, исто како старецот во сообраќајката кога тој беше само дете.

(2) ТВ серија: Дердевил (Daredevil) (3) ТВ серија: Дердевил (Daredevil)

Мет можеби е силен херој за време на ноќта, но преку ден тој е само еден обичен адвокат кој се обидува да отвори канцеларија со својот партнер Фоги. Барем така изгледа на прв поглед. Она што го издвојува Мет од останатите адвокати е неговата способност да почувствува дали одредена личност лаже или не. Неговиот изострен слух, поради недостатокот на видот, му овозможува да го чуе отчукувањето на срцето на неговите клиенти и на тој начин открива дали тие ја говорат вистината. И покрај тоа што е слеп, понекогаш тој гледа многу повеќе од другите. Да не должиме, ако сте расположени за нова Марвел серија, тогаш со сигурност ќе ви се допадне и оваа.

(5) ТВ серија: Дердевил (Daredevil) (4) ТВ серија: Дердевил (Daredevil)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар