Голем кинески хороскоп за 2022 година: Што ќе ни донесе годината на Тигарот?

Голем кинески хороскоп за 2022 година: Што ќе ни донесе годината на Тигарот?

Претстојната 2022 година ќе биде во знакот на Тигарот. Тој ќе влијае врз сите хороскопски знаци поттикнувајќи ги на акција и иницијатива бидејќи оние кои ќе изберат да останат пасивни ризикуваат да ја пропуштат шансата да успеат во многу работи.

Голем кинески хороскоп за 2022 година: Што ќе ни донесе годината на Тигарот?

Стаорец (1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)

Бидете особено внимателни во ризичните потфати бидејќи не секогаш можат да вродат со позитивни резултати. Сега би било многу попаметно да се вклучите во завршувањето на работите што сте ги започнале. На љубовен план можете да бидете сигурни дека сè ќе биде во ред – ве очекува ново познанство кое веројатно ќе се развие во нешто повеќе. Важно е, сепак, да не бидете премногу пребирливи.

Вол (1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)

За вас годината ќе биде полна со настани и нови идеи. Ќе наидете на многу предлози за нови иницијативи, но немојте да се зафаќате со сè бидејќи тоа може негативно да се одрази врз вашето ментално здравје. Поставете ги своите приоритети и областите кои ви изгледаат најмногу ветувачки. Што се однесува до финансискиот аспект, годината не ветува промени. На љубовен план, можно е да најдете сродна душа, а ако веќе сте ја нашле, тогаш можеби размислувате за брак.

Тигар (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)

Ве очекува година на самодоверба, сила и енергија. Ќе ги имате потребните ресурси за да спроведете некои од вашите стари идеи затоа не пропуштајте ги вашите шанси. Ќе успеете само ако сте доволно енергични и проактивни. Внимавајте со трошењето затоа што тоа може сериозно да се одрази врз вашиот џеб.

Зајак (1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)

Ве очекува период полн со предизвици. Понекогаш ќе бидете среќни поради многубројните успеси, а понекогаш ќе се соочувате и со пречки. Не се откажувајте од вашата идеја и не двоумете се да побарате помош од луѓето околу вас. Колку и да е тешка ситуацијата, секогаш ќе најдете некој кој со задоволство ќе ве поддржи. Што се однесува до финансискиот план, погрижете се секогаш да имате одредена сума која во случај на непредвидени околности може да остане резерва.

Змеј (1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)

Во годината што доаѓа ќе бидете особено активни. Ќе има многу работи во кои можете да се докажете, а вашите постапки треба да бидат што е можно поконкретни. Поставете си јасни цели и најдете решенија. Ве очекува подобрување на финансиската состојба уште од првиот месец од годината. Посебно внимание обратете на здравјето. Големи се шансите дека ќе ги надминете хроничните болести и ќе го подобрите општото здравје.

Змија (1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)

Меѓу Змијата и Тигарот има посебен однос. Тигарот претпочита да биде едноставен набљудувач и да не влијае директно врз животот на Змијата. Ова сугерира дека можеби ќе можете однапред да го одредите текот на вашиот живот. Ќе наидете на разноразни можности и ве очекува голем успех во полето на креативното изразување како и стекнувањето нови знаења. Романтичниот аспект ви е исто така многу важен во животот. Тој ќе ви пружи емоционална поддршка и задоволство.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар