Најсреќните денови во јануари 2022 година: Откријте кога е идеалното време да се посветите на остварување на вашите цели!

Најсреќните денови во јануари 2022 година: Откријте кога е идеалното време да се посветите на остварување на вашите цели!

Астролозите ви откриваат кои се најсреќните денови во јануари 2022 година – овие датуми се идеални за нов почеток, за остварување на вашите амбиции како и за позитивни животни промени!

Најсреќните денови во јануари 2022 година: Откријте кога е идеалното време да се посветите на остварување на вашите цели!

Јануари ни ги отвора вратите на 2022 година, а според астролошките прогнози, овој месец ќе ни донесе позитивна енергија и ќе направи да се чувствуваме подобро од вообичаеното. Во текот на јануари, многумина ќе добијат инспирација за да почнат да работат на новогодишните цели и замисли. Како и секој месец, така и јануари има т.н. нумеролошки или астролошки среќни денови. Овие денови ќе бидат идеалниот момент да донесете важна одлука, да решите некој проблем, да направите некаква промена во животот.

1 јануари – магична серија 1-1

1 јануари е важен ден во годината бидејќи ни носи среќа во новите потфати. Корисно е да го поминете првиот ден од новата година без да дозволите негативните емоции да влијаат врз вас. ако нешто не ве исполнува и не ви носи среќа, не правете го тоа на првиот ден од 2022 година!

2 јануари – транзиција на Меркур во Водолија

На 2 јануари Меркур ќе биде во единаесетта куќа каде ќе остане сè до 25 јануари. Овој ден како и следните 3 недели ќе бидат поволни за работа, шопинг, комуникација и остварување нови познанства. Посветете го овој ден на партнерот и на работата, така што ќе најдете рамнотежа меѓу овие два аспекта.

3 и 4 јануари – метеорски дожд од квадрантиди

Квадрантидите ќе бидат присутни уште од почетокот на годината, но на 3 и 4 јануари ќе бидат најактивни. Овој метеорски дожд се одликува со многу моќна енергија. Од астролошка гледна точка, третиот и четвртиот ден од годината ќе бидат многу поволни за започнување на секој важен бизнис и за решавање на насобраните проблеми.

18 јануари – крај на ретроградното движење на Уран

На 18 јануари ќе се ослободиме од сета негативна енергија што се собрала во нас. Почнувајќи од овој ден, многумина од нас ќе се обидат да го заборават минатото и да гледаат почесто во иднината. Уран ќе ни помогне да ги елиминираме сите стравови и несигурности. Астролозите предвидуваат дека овој ден ќе биде полн со пријатни изненадувања.

24 јануари – ден на преминот на Марс во Јарец

На 24 јануари Марс ќе премине во знакот Јарец каде што ќе остане сè до 5 февруари. Ова ќе биде поволен период за подобрување на финансиската состојба бидејќи присуството на Марс во десеттата куќа на хороскопот создава одлични услови за работа и носење важни одлуки. Многумина од нас ќе можат да ја напуштат својата удобна зона и да преземат конкретни чекори.

29 јануари – крај на ретроградното движење на Венера

На овој датум ќе бидеме опкружени со романтична енергија благодарение на движењето на Венера. Оваа планета ќе ни даде силен поттик да продолжиме да работиме на своите цели. многу луѓе ќе станат значително попродуктивни, не само на 29 јануари туку и во текот на останатите месеци од годината.

30 јануари – Месечина во соѕвездието Јарец

Во овој период Месечината ќе почне да опаѓа, достигнувајќи ја фазата на трета четвртина. Сепак, тоа не значи дека ќе се намали интензитетот на моќната лунарна енергија. Напротив. Ако земеме предвид дека на 30 јануари Месечината ќе биде во соѕвездието Јарец, можеме да заклучиме дека денот ќе биде многу продуктивен. Многумина ќе се посветат на реализација на своите планови и амбиции.

Откако прочитавте кои ќе бидат најсреќните денови во јануари од астролошка гледна точка, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во јануари 2022 година.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар