Голем кинески хороскоп за 2022 година: Што ќе ни донесе годината на Тигарот? - Part 2

Голем кинески хороскоп за 2022 година: Што ќе ни донесе годината на Тигарот?

Коњ (1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014)

Ќе почувствувате наплив на голема енергија што ќе ви помогне при реализирањето на вашите планови. Сè би можело да помине во најдобар ред доколку дејствувате сами, но проблемот е што не сте сами и некој околу вас сигурно ќе направи грешка што ќе влијае врз вашиот резултат. Најдобро е да се фокусирате на личниот раст и развој. Посветете внимание на духовната страна на вашето битие и обидете се да ја пронајдете внатрешната хармонија.

Голем кинески хороскоп за 2022 година: Што ќе ни донесе годината на Тигарот?

Коза (1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015)

Емотивноста ќе ви создаде големи проблеми, па затоа добро би било да внимавате на импулсивните одлуки и конфликтното однесување. Од материјален аспект, годината ќе биде успешна за вас. Од друга страна, ако сакате среќна љубов, тогаш мора да бидете подготвени да се промените. Кога ќе наидете на тешки ситуации не заборавајте да разговарате со вашите најблиски. Тие ќе ве поддржат и ќе ви го дадат вистинскиот совет.

Мајмун (1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016)

Ќе бидете опкружени со најразновидни ресурси. Финансиски средства, познанства, креативни идеи – сето тоа ќе ви биде достапно. Се чини дека сте во состојба да преземете иницијатива, но има еден проблем, а тоа е погрешната проценка на располагање со ресурсите. Затоа е подобро да не брзате. Обидете се и да не бидете премногу емотивни за да не имате проблеми во љубовната врска.

Петел (1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017)

Годината на Тигарот ќе биде поволна за вас бидејќи постојано ќе ве следат успех и среќа, а околностите ќе бидат на ваша страна. Сепак, не треба сè да оставите на случајноста. Ако не покажете претприемачки дух, тогаш сè ќе биде бескорисно. Фокусирајте се на финансиската аспект затоа што тука ве очекува значителен успех. Доволно е да бидете претпазливи и паметно да управувате со расположливиот капитал.

Куче (1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018)

Можеби ќе сакате да бидете во центарот на вниманието и да се позанимавате со важните прашања во вашиот живот. Но, веројатноста дека вашите потреби ќе бидат задоволени е многу мала. Ќе ви биде особено тешко сами да се справите со проблемите, но доколку работите тимски, сигурно ќе имате поголеми шанси за успех. Обратете внимание на вашето расположение. Колку сте пооптимисти, толку попозитивни настани ќе ве опкружуваат.

Свиња (1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019)

Ова ќе биде година на изобилство и успех за вас. Обидете се да ја спроведете секоја идеја, макар и најлудата што ќе ви падне на ум. Не ги одложувајте за подоцна, бидејќи вашето време е овде и сега. Годината ќе ви даде можности да постигнете успех, да развиете професионални вештини, да се искачите по скалилата на кариерата, како и да бидете успешни во љубовта.

Откако го прочитавте кинескиот годишен хороскоп за 2022 година, можеби ќе сакате да го прочитате и годишниот хороскоп за 2022 година во поглед на работата и кариерата.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар