Необичен феномен: Дали сте слушнале за „пустинскиот снег“?

Необичен феномен: Дали сте слушнале за „пустинскиот снег“?

Дали знаете што означува шпанскиот термин „penitente“? Станува збор за необични снежни формации што можат да се пронајдат на големите надморски височини како и на глечерите.

Необичен феномен: Дали сте слушнале за „пустинскиот снег“?

Бескрајните купишта од бели формации кои наликуваат на карпи со шилести врвови или дијаманти честопати се насочени кон сонцето.

Тие го добиле името поради сличноста со религиозните ритуали на покајание (penitente – покајник) кога луѓето клекнуваат или поради свештениците со зашилени качулки кои се дел од поворката за време на шпанската Света недела.

За прв пат биле опишани во научната литература од страна на Чарлс Дарвин кога ги видел во 1839 година за време на неговото патување од Чиле во Аргентина. Тој напишал дека локалните жители верувале дека овие формации се создадени под влијание на силните ветрови од Андите.

Всушност, оваа теорија е присутна и денес, надополнета со повеќе елементи како ниската температура и сувиот воздух. Можете да ги сретнете во пустината Атакама и тоа во разни големини, од неколку сантиметри до дури осум метри.

Откако прочитавте за необичниот феномен, можеби ќе сакате да прочитате и за најдоброто место во светот за набљудување виножита.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар