3 филмски премиери што едвај чекаме да ги гледаме во август

3 филмски премиери што едвај чекаме да ги гледаме во август

Секој месец имаме можност да гледаме сè подобри и поуникатни приказни кои целосно го обземаат нашето внимание. Во текот на август ќе имаме можност да гледаме одлични филмови кои вклучуваат мутантски способности, хорор мистерии и епски авантури во текот на последната ледена доба. Погледнете…

1. Најтемните умови (The Darkest Minds)

Кога тинејџерите мистериозно развиваат нови способности, тие се прогласуваат за закана од страна на владата и се затвораат. 16-годишната Руби, една од најмоќните млади личности успева да избега од кампот и да се придружи на група тинејџери што бараат засолниште.

2. Тенок маж (Slender Man)

Во мал град во Масачусетс, четири средношколки прават ритуал во обид да го побијат верувањето за познатиот Тенок маж. Но, кога едно од девојчињата мистериозно ќе исчезне, тие почнуваат да се сомневаат дека таа е неговата најнова жртва.

3. Алфа (Alpha)

Станува збор за епска авантура пред 20.000 години. Дејството се одвива во Европа, и го следи текот на млад човек што ќе биде повреден и оставен да умре. Кога ќе се разбуди и ќе сфати дека е сосема сам, тој мора да научи како да преживее. Во ова ќе му помогне и еден волк што исто така бил напуштен од својата глутница, кој тој ќе го припитоми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар