Невозможна мисија: Одметници (Mission: Impossible – Rogue Nation)

Итан Хант тргнува во потрага по Синдикатот, во најневозможната мисија досега!

(1) Невозможна мисија: Одметници (Mission: Impossible - Rogue Nation)Режија: Кристофер Меквари

Улоги: Том Крус, Сајмон Пег, Ребека Фергусон, Џереми Ренер

Времетраење: 131 минута

Јазик: англиски

Премиера: 30 јули 2015

Жанр: акција, авантура, трилер

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (8 гласа, просек: 9.50 од 10)

Loading...

Ако треба да ги рангираме филмовите од серијата „Невозможна мисија“ без сомнение би кажале дека овој дел е еден од најдобрите досега. Приказната е одлично обработена, а мисијата и покрај тоа што на прв поглед делува невозможно, сепак реализацијата е и повеќе од совршена. Итан Хант повторно успева да нè воодушеви, како и да нè увери дека светот е безбеден во неговите раце.

(2) Невозможна мисија: Одметници (Mission: Impossible - Rogue Nation)

Приказната започнува со распуштање на единицата ИМФ поради нивните несекојдневни методи за работа кои ЦИА смета дека носат повеќе штета отколку добро. Токму затоа и агентите ќе бидат отповикани, а оние кои ќе решат да останат ќе продолжат да работат во рамките на ЦИА. Но, бидејќи Итан е на само еден чекор од разоткривање на организацијата Синдикат, тој ќе реши да ги игнорира наредбите, станувајќи одметник.

(3) Невозможна мисија: Одметници (Mission: Impossible - Rogue Nation)

Она што го одделува овој филм од останатите е фактот што Том Круз не користи каскадери, ниту пак сака дигитална обработка на опасните сцени, па токму затоа сè што ќе видите во филмот, како стоењето на крилото од авионот во лет, возењето автомобили, мотори и нуркањето, е реално. Тоа ги прави овие сцени уникатни и го задржуваат контактот со публиката, правејќи го целото доживување многу поавтентично од останатите.

(4) Невозможна мисија: Одметници (Mission: Impossible - Rogue Nation)

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар