Филм: Кингсман: Златниот круг (Kingsman: The Golden Circle)

Филм: Кингсман: Златниот круг (Kingsman: The Golden Circle)

Егзи, уличното дете што стана шпион со добар стил, повторно се враќа на големото филмско платно за да го спаси светот

(1) film-kingsman-zlatniot-krug-kingsman-the-golden-circle-www.kafepauza.mkРежија: Метју Вон

Улоги: Колин Фирт, Тарон Еџертон, Џулиен Мур, Марк Стронг, Џеф Бриџис,  Ченинг Татум, Педро Паскал, Хали Бери

Времетраење: 141 минута

Јазик: англиски

Премиера: 21 септември 2017

Жанр: акција, авантура, комедија

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (7 гласа, просек: 9,14 од 10)
Loading...

Набрзо по случувањата од првиот филм, Егзи (Тарон Еџертон), продолжи да го живее својот живот како шпион – совршено вклопувајќи се во својата нова улога. Но тој сè уште не ја преболел смртта на својот ментор, Хари Харт (Колин Фирт), а тоа лесно може да се забележи и во неговото однесување. Имајќи го ова на ум, нештата ќе станат уште потешки откако сите шпиони од организацијата Кингсман ќе бидат елиминирани од страна на дилер на дрога познат како Попи Адамс (Џулиен Мур). Со цел да побараат помош за да се справат со оваа ужасна закана, Егзи и Мерлин (Марк Стронг) ќе мора да отпатуваат до Америка и да ја пронајдат нивната верзија на Кингсман, група шпиони познати како Стејтсман.

(2) film-kingsman-zlatniot-krug-kingsman-the-golden-circle-www.kafepauza.mk (3) film-kingsman-zlatniot-krug-kingsman-the-golden-circle-www.kafepauza.mk

Водачот на оваа група е Шампањ ака Чемп (Џеф Бриџис), додека пак имињата на агентите под негово водство се Текила (Ченинг Татум), Џек Даниелс (Педро Паскал) и Џинџер Еил (Хали Бери). Интересна комбинација, се согласувате? Но тоа што е поинтересно е дека Егзи и Мерлин ќе го пронајдат Хари, жив и здрав, во нивното главно седиште. Објаснувањето за како тој ја избегнал смртта е малку научно фантастично, но сепак начинот на кој тие го изведоа ова „враќање од мртвите“ на нашиот омилен Кингсман агент е задоволително, бидејќи ќе имаме можност да го видиме во сосема поинакво (и забавно) светло – тој има амнезија! Можете да го замислите неговото ново однесување?

(4) film-kingsman-zlatniot-krug-kingsman-the-golden-circle-www.kafepauza.mk (5) film-kingsman-zlatniot-krug-kingsman-the-golden-circle-www.kafepauza.mk

На кратко, филмот има потенцијал и е забавно продолжение на првиот дел што ни открива многу повеќе информации за Кингсман и светот на шпионите во кој тие живеат. Проширувањето на тимот надвор од границите на Велика Британија внесува типична американска Холивуд атмосфера, но тоа не го прави помалку забавен за гледање. Баш напротив, станува збор за успешна франшиза што со сигурност ќе трае уште многу години во иднината…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар