Филм: Кингсман: Тајната служба (Kingsman: The Secret Service)

Филм: Кингсман: Тајната служба (Kingsman: The Secret Service)

Многу забавна шпионска акција

Филм: Кингсман: Тајната служба (Kingsman: The Secret Service)Режија: Метју Вон

Улоги: Колин Фирт, Тарон Еџертон, Семјуел Л. Џексон

Времетраење: 129 минути

Јазик: англиски

Премиера: 13 февруари 2015

Жанр: акција, авантура, комедија

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка:1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (17 гласа, просек: 9,06 од 10)
Loading...

Кингсман е британска тајна служба за која никој не знае дека постои. Тие се одлично обучени шпиони со боречки вештини и стил на облекување и однесување како Џејмс Бонд. Всушност, тоа личи на цела служба составена од клонови на Џејмс Бонд. Филмот започнува со неуспешна акција на Кингсман на Блискиот исток во која губат еден од своите луѓе. Откако агентот Хари Харт (Колин Фирт) ќе му го даде медалот на малото синче на загинатиот колега, дејството се сели 17 години подоцна кога службата губи уште еден свој член во Аргентина, каде што требало да спасат британски професор кој можеби има решение за климатските промени на земјата.

Филм: Кингсман: Тајната служба (Kingsman: The Secret Service)

Службата се обидува да најде замена за последниот загинат и организира избор помеѓу неколку млади луѓе за кои однапред знаеле дека имаат одлични досиеја. Хари Харт, сакајќи да се искупи за губењето на колегата од пред 17 години, денеска ќе го покани неговиот перспективен син да се обиде да стане агент на тајната служба во која некогаш работел татко му.

Филм: Кингсман: Тајната служба (Kingsman: The Secret Service)

Младиот Егзи (Тарон Еџертон) е проблематичен млад човек кој порано имал одлични оценки и бил уште подобар спортист, но одеднаш престанал со таквото однесување и се впуштил вo ситен криминал и други проблеми. Сега се труди да се приклучи на Кингсман и да се извлече од тој стил на живот и од сиромаштијата, а истовремено гледаме како ексцентричниот милијардер Валентајн почнува да интригира со своите сомнителни намери да ја спаси планетата од климатските промени кои се случуваат.

Филм: Кингсман: Тајната служба (Kingsman: The Secret Service)

Филмот е навистина многу забавен. Не е нешто ново и невидено, затоа што во основата е шаблонот по кој се прават сите филмови за Џејмс Бонд, но овде се додадени поинтересни и поексцентрични ликови, сосема малку хумор и многу џентлментство и британски акцент во однесувањето на некои од главните ликови, така што сè на сè оваа шпионска акција делува многу освежувачки. Колин Фирт е импресивен во главната улога на Хари Харт, а и Семјуел Л. Џексон привлекува големо внимание толкувајќи го неверојатниот милијардер чија ексцентричност и харизма го освојува вниманието кога и да се појави.

Филм: Кингсман: Тајната служба (Kingsman: The Secret Service)

Дејството не останува само на тоа како некој олош прави некое зло, па добрите тајни служби го бркаат и го фаќаат. Ова е филм и за тоа како некое дете го губи таткото, и за некои млади луѓе кои се трудат да станат тајни агенти и за тајна служба која се труди да го фати лошиот. Сите тие сижеа лесно се прелеваат едно во друго и се така добро спакувани во само два часа, што акцијата никогаш не изостанува и филмот постојано е интересен.

Филм: Кингсман: Тајната служба (Kingsman: The Secret Service)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар