Откријте ја магијата на патувањето преку овие цитати!

Откријте ја магијата на патувањето преку овие цитати!

Живееме во свет полн со спектакуларни места кои чекаат да бидат откриени, па така поривот да се патува по светот се должи на нашата исконска потреба од нови искуства и доживувања. Во продолжение прочитајте го нашиот список на најубавите цитати за патување и талкање кои сме сигурни дека уште повеќе ќе ви ја разгорат страста да се впуштите во нова авантура!

Откријте ја магијата на патувањето преку овие цитати!

„Не сите оние кои талкаат се изгубени.“ – Толкин

„Еднаш годишно отидете некаде каде што никогаш не сте биле порано.“ – Далај Лама

„Живејте без изговори, патувајте без жалење.“ – Оскар Вајлд

„Со староста доаѓа мудроста. Со патувањето доаѓа разбирањето.“ – Сандра Лејк

„Вистинското патување не се состои во откривање нови пејзажи туку откривање нови светогледи.“ – Марсел Пруст

„Преку патувањето доаѓате до сознание дека секој од нас греши кога се работи за другите земји.“ – Олдус Хаксли

„Ако ја презирате храната, ги игнорирате обичаите, се плашите од религијата и ги избегнувате луѓето, можеби е подобро да останете дома.“ – Џејмс А. Мишенер

„Соло патувањето не секогаш значи дека сте сами. Најчесто, по патот среќавате прекрасни луѓе со кои воспоставувате врски кои траат цел живот.“ – Жаклин Бун

„Доколку ни беше судено да останеме на едно место, ќе имавме корени наместо стапала.“ – Рејчел Волчин

„Подобро да видите нешто еднаш со своите очи, отколку да слушнете за него илјада пати.“ – Азиска поговорка

Откако ги прочитавте најубавите цитати за патувањето, можеби ќе сакате да прочитате и инспиративни цитати за паровите кои сакаат да патуваат.

Извор: passportsymphony.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар