10 најбогати извори на витамин Ц

10 најбогати извори на витамин Ц

Автор : Маја Владимирова

Витаминот Ц му помага на телото во одржувањето на здрави ткива и силен имунолошки систем, како и во апсорпцијата на железо. За витаминот Ц се смета дека е важен сојузник ако се обидувате да ја победите настинката или некоја друга болест, но пак можете паметно да го искористите и како дел од вашата диета.10 најбогати извори на витамин ЦДневната доза на витаминот Ц, која се препорачува да се внесе е 90 милиграми за мажи и 75 милиграми за жени. Внесувањето на овој витамин е навистина важно, па затоа ги издвоивме десетте најбогати извори на витамин Ц.

1. Гуава

Гуавата е многу богата со витамин Ц – 100 грама од ова овошје содржи дури 228 милиграми витамин Ц и 56 калории. Консумирајте ја свежа или како дел од некој свеж коктел.10 најбогати извори на витамин Ц

2. Црвена пиперка

Црвената пиперка содржи солидно количество на витамин Ц. Во 100 грама свежи исечкани црвени пиперки има 184 милиграми витамин Ц и 20 калории. Доколку ја готвите, количеството на витамин Ц се намалува до 116 милиграми.10 најбогати извори на витамин Ц

3. Киви

Ова овошје важи за едно од најбогатите со витамин Ц. Едно киви со средна големина има околу 70 милиграми витамин Ц и околу 46 калории. Се препорачува да се консумира свежо или пак како додаток на некој десерт.10 најбогати извори на витамин Ц

4. Портокал

Портокалот е синоним за витаминот Ц. Еден портокал со средна големина содржи околу 70 милиграми витамин Ц и 62 калории. Иако многумина очекуваа дека портокалот ќе се најде на првото место, сепак постојат побогати извори на овој витамин.10 најбогати извори на витамин Ц

5. Зелена пиперка

Освен црвената, и зелената пиперка е значително богата со овој витамин. Во 100 грама благи исечкани зелени пиперки има 80 милиграми витамин Ц и само 15 калории, додека во зготвени има 51 милиграми витамин Ц.10 најбогати извори на витамин Ц

6. Грејпфрут

Грејпфрутот е нискокалорично овошје, па така во 100 грама има 40 милиграми витамин Ц и 32 калории.10 најбогати извори на витамин Ц

7. Сок од свежо исцеден зеленчук

Пиењето свежи сокови од зеленчук обезбедува големо количество на хранливи материи, вклучувајќи го и витаминот Ц. Во сок на база на домати, витаминот Ц е застапен со 50 милиграми во 150 милилитри, а ова количество сок содржи 34 калории.10 најбогати извори на витамин Ц

8. Јагоди

Освен тоа што се богати со влакна и антиоксиданси, јагодите се богати и со витамин Ц чие количество во 100 грама изнесува 59 милиграми. Истото количество јагоди содржи 32 калории.10 најбогати извори на витамин Ц

9. Зелка

Уште еден зеленчук којшто е исто така богат со витамини е зелката. Таа содржи 36 милиграми витамин Ц. Во 100 грама свежа зелка има 25 калории. Освен со витамин Ц, зелката е многу богата и со витамин К.10 најбогати извори на витамин Ц

10. Диња

Една четвртина од диња со средна големина содржи 47 милиграми витамин Ц и 50 калории.10 најбогати извори на витамин Ц


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.