Хороскопскиот знак и харизмата

Хороскопскиот знак и харизмата

Кога ќе се најдете во друштво на харизматична личност, вие едноставно чувствувате дека таа има некоја моќ и магнетски го привлекува вашето внимание. За такви личности обично велиме „има нешто во нив“ и тоа ги привлекува луѓето да ги слушаат и следат.

Хороскопскиот знак и харизмата

Во астрологијата јасно се препознава дека харизмата е поврзана со аспектите на Плутон, но и на Сатурн и Уран. Харизматична личност може да биде родена во кој било астролошки знак, доколку има силни аспекти со овие планети.

Овенот привлекува нагло, брзо и по малку сурово, но неговата харизма е едноставна, скоро наивна. Тие можат да ве влечат кон една цел и без таинственост да се стремат кон истата.

Биковите им се харизматични на другите, пред сè бидејќи нудат чувство на сигурност, а тоа ги врзува луѓето.

Харизматичните близнаци се фантастични говорници кои потполно ќе ве окупираат со своите говорнички способности, така што ќе се претворите во покорен слушател, а потоа и во обожавател.

Раковите се секогаш омилени во друштво, бидејќи Месечината е нивни владар. Таа популарност не мора нужно да биде поврзана со харизма. Личностите родени во овој знак се полни со разбирање за другите луѓе.

Лавовите обожуваат луѓето да им се восхитуваат, па својата харизма најчесто ја користат за да го добијат нивното внимание и одобрување. Умеат да бидат напорни личности кои внимателно го одмеруваат секој свој потег, па потоа согледуваат каков ефект предизвикале кај другите.

Девиците кои имаат харизматичен аспект добро ги подготвуваат своите настапи, проучувајќи го секој детаљ и пазејќи на секоја ситница. Тие се добро организирани, а привлекуваат со шарм.

Вагите се толку фини, што нивната харизма секогаш е поврзана со убавината или дипломатијата. Доколку станат свесни за својата привлечност, тие ќе ја користат на многу мудар начин, а за да привлечат внимание најчесто е доволно само да се насмевнат.

Скорпиите се класичен пример на харизматична личност која привлекува на таинствен начин. Нив не им паѓа на памет да откријат што имаат на ум. За нивната околина не е добро ако се деструктивни личности, бидејќи тешко ќе можат да се справат со таа разорна природа.

Харизматичниот стрелец е спонтана душа која со својот спонтан настап го привлекува вниманието на другите. Во негово присуство не чувствувате никаква тензија бидејќи е пријатен и пријателски настроен соговорник.

Јарецот е исто така помеѓу знаците кои имаат силна харизма, пред која останувате без здив и покорно ја следите. Во овој случај Сатурн не остава друга можност.

Водолиите поседуваат харизма која делува по принципот на магнет. Во односите со луѓето се топло-студени, збунуваат, но и привлекуваат, не можете да ги сфатите, па уште повеќе ве привлекуваат за да разберете за што всушност станува збор. Тоа е космичка харизма која е навистина тешко да се објасни.

Рибите кои се харизматични вообичаено делуваат по принципот на заведување, убавина, заслепеност со некоја таинствен, но неодоливо привлечен внатрешен свет со кој зрачат. Ова е харизма на опиеност и измама со која владее Нептун.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар