ТВ серија: Фамилијата Марковски

ТВ серија: Фамилијата Марковски

ТВ серија за секојдневните битки на едно типично македонско семејство

tv-serija-familijata-markovski-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Петар Петковски, Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ, Александар Микиќ и Силвија Стојановска

Жанр: драма

Режисер: Даријан Пејовски

Премиера: 21 септември 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 35 минути

Јазик: македонски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (65 гласа, просек: 9,43 од 10)
Loading...

 

Ако ме прашувате мене, долго време ни беше потребна една ваква ТВ серија. Не постои личност што не би се пронашла во главните карактери! Да почнеме од Иван, таткото во семејството. Тој иако има CV што би можело да му донесе директорска позиција во некоја од најголемите фирми во светот, во Македонија му носи само неволја. Зошто? Бидејќи е политички неутрален. Без книшка, му велат работодавците, тој нема да може да најде нова работа, без разлика на искуството. Од друга страна пак, Лиле, неговата сопруга и мајката во семејството, се бори да преживее на работно место каде што не се цени лојалноста и трудољубивоста, туку нешто сосема поинакво – карактеристики што не се дел од нејзината личност.

(3) tv-serija-familijata-markovski-www.kafepauza.mk (5) tv-serija-familijata-markovski-www.kafepauza.mk

Да преминеме на нивните деца. Јана, најстарата ќерка, е амбициозна архитектка што мора да балансира помеѓу две работни позиции, како асистентка на факултет и архитект во приватна фирма, бидејќи ѝ требаат пари. Од друга страна пак, се соочува и со морална дилема – дали треба или не треба да учествува во сомнителните проекти на нејзиното момче. Виктор, средниот син, и покрај магистерската диплома едноставно не може да најде работа, колку и да се труди, а Бојан, најмладиот син, којшто сè уште е средношколец и чија страст е водењето влогови, се бори за правдата на своите соученици на најдобриот начин што може.

(2) tv-serija-familijata-markovski-www.kafepauza.mk (1) tv-serija-familijata-markovski-www.kafepauza.mk

Па колкумина од вас се пронајдоа во овие карактери? Започнувајќи од тинејџерите, па сè до постарите генерации, сигурно многумина од вас се соочиле или во моментов се соочуваат токму со овие проблеми типични за нашата земја. Затоа и оваа приказна има голем потенцијал. Досега има снимено 8 епизоди, но се надеваме дека ќе продолжи и понатаму бидејќи може да стане моќна алатка за освестување на македонскиот народ и можност за битка против сите овие проблеми кои е редно време да ги надминеме.

(4) tv-serija-familijata-markovski-www.kafepauza.mk (6) tv-serija-familijata-markovski-www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар