11 одлични филмови што Оскарите ги игнорираа, но на критичарите и гледачите им се допаднаа

6. „БПМ“ (BPM)

11 одлични филмови што Оскарите ги игнорираа, но на критичарите и гледачите им се допаднаа

Ова е уште еден филм во кој се обработуваат социјалните проблеми. Приказната е за членовите на групата ACT UP Paris на почетокот од 90-тите и активистите кои се обидуваат да ја подигнат свесноста за проблемот со сидата. Филмот е обид да не потсети дека не треба да им судиме на другите и да ги игнорираме нивните проблеми, бидејќи нивните проблеми лесно можат да станат наши.

7. „Приказните Мејеровиц“ (The Meyerowitz Stories)

11 одлични филмови што Оскарите ги игнорираа, но на критичарите и гледачите им се допаднаа

Овој филм е како новела составена од неколку кратки приказни. Ќе ја гледате приказната на семејство со сите негови проблеми. Син губитник и неговиот успешен брат, татко кој има навистина тежок живот и тешкотиите во семејните врски. Иако приказната е многу реалистична, сепак е навистина смешна. Благодарение на хуморот, филмот испраќа приказна дека не е сè изгубено кога постои љубов.

8. „Не оставај трага“ (Leave No Trace)

11 одлични филмови што Оскарите ги игнорираа, но на критичарите и гледачите им се допаднаа

Ова е можеби еден од најоригиналните филмови од минатата година. Приказната е за татко бездомник и неговата ќерка, но кои самите избрале да живеат вака. Тие се среќни со нивниот живот во шумата, недалеку од градот. Но набрзо доаѓаат луѓе кои се обидуваат да ги натераат да го напуштат домот. Ова е филм што ќе ве натера да ги гледате обичните нешта од нова перспектива и ќе ве натера да се сомневате дури и во „добрите“ нешта.

9. „Ингрид оди на запад“ (Ingrid Goes West)

11 одлични филмови што Оскарите ги игнорираа, но на критичарите и гледачите им се допаднаа

Ова е драма/комедија за модерното општество со порака дека убавата слика што ја гледате, не е секогаш вистина. Ингрид е девојка со ментална болест и има идол. Таа следи позната личност на социјалните мрежи која има илјадници следбеници и совршен живот. Ингрид навистина сака да ја сретне, дури и ако треба да оди до Лос Анџелес за да го направи тоа.

10. „Слаткарот“ (The Cakemaker)

11 одлични филмови што Оскарите ги игнорираа, но на критичарите и гледачите им се допаднаа

Слаткарството му е омиленото хоби на главниот лик, но не и неговата работа. Тој патува од Германија до Ерусалим со цел да сретне луѓе кои никогаш не ги видел. Филмот нема никакви скапи специјални ефекти, но има неверојатни пресврти кои се можни само кај вистинската поврзаност. Овој филм ќе ви помогне подобро да се разберете себеси, но и другите.

11. „Приказната“ (The Tale)

11 одлични филмови што Оскарите ги игнорираа, но на критичарите и гледачите им се допаднаа

Во филмот има конфликт помеѓу една мајка и нејзината ќерка. Но овој пат не станува збор за празнината помеѓу генерациите, туку социјалните проблеми и разните гледни точки. Исто така ова е приказна што докажува колку може да нè излаже нашата меморија. Во филмот гледаме две разни верзии од истиот настан, од две различни личности. Крајот покажува дека секогаш постои само една вистина.

Погледнете ги и филмските премиери во 2019-та годишна што не сакате да ги пропуштите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар