ТВ серија: После живот (After Life)

По неочекуваната смрт на неговата сопруга, Тони се претвора од добар во човек, во импулсивен злобник којшто не се грижи за ништо и за никого

Главни улоги: Рики Гервес, Том Басден, Тони Веј

Жанр: комедија, драма

Премиера: 1 март 2019

Број на сезони: 1

Времетраење: 30 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 vote, average: 7.00 out of 101 vote, average: 7.00 out of 101 vote, average: 7.00 out of 101 vote, average: 7.00 out of 101 vote, average: 7.00 out of 101 vote, average: 7.00 out of 101 vote, average: 7.00 out of 101 vote, average: 7.00 out of 101 vote, average: 7.00 out of 101 vote, average: 7.00 out of 10 (1 гласа, просек: 7.00 од 10, гласано)

Loading...

 

Тони не е лош човек. Баш напротив, тој има нежна и мила душа, полна со љубов. Но, откако ќе ја изгуби жената од своите соништа, тој едноставно нема да знае како да продолжи да биде човекот кој беше покрај неа. Тони дури и ќе помисли да се самоубие, бидејќи болката е преголема за него, но неговото куче ќе го спаси, така што ќе му побара храна. Тој нема да сака да го остави гладно, па ќе стане да го нахрани и во тие моменти ќе направи договор со себе – ќе продолжи да го живее животот без никакви правила, ќе прави сè што сака, како што сака и кога сака и кога ќе му дојде премногу, едноставно ќе стави крај. Во неговите мисли, ова е како еден вид супермоќ.

Тони ќе почне да живее без влакна на јазикот и без никаков обѕир кон последиците од своите дела. Тој ќе биде брутално искрен, директен и нема да се грижи дали притоа можеби повредува некого со своите зборови. Токму ова ќе го одведе на необичен пат, каде што ќе запознае многу нови луѓе, сите со свој сет проблеми и потешкотии. И пред да забележи, неговата константна тага ќе почне да се меша со куси, но интензивни моменти на смеа и среќа. Но, дали тоа ќе биде доволно за да го натера Тони да почне повторно да оди меѓу живите? Или пак, тагата ќе победи и тој сепак ќе одлучи да престане да постои, заедно со својата сопруга?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар