ТВ серија: Љубов, смрт и роботи (Love, Death & Robots)

Колекција од анимирани кратки приказни што опфаќаат повеќе жанрови, од научна фантастика и фантазија до хорор и комедија

Главни улоги: Скот Вајт, Нолан Норт, Метју Јанг Кинг

Жанр: анимација, комедија, фантазија

Креатор: Тим Милер

Премиера: 15 март 2019

Број на сезони: 1

Времетраење: 15 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 10.00 од 10)
Loading...

 

Нетфликс објави нова научно фантастична антологија наречена „Љубов, смрт и роботи“ што вклучува 18 кратки филмови. Секоја епизода е сосема различна од претходната, и во однос на приказната и во однос на технологијата што е користена. Ќе забележите разновидна анимација и CGI технологија, од аниме до хипер-реалистичка компјутерска анимација. Што се однесува до самите приказни, тие се пишувани во различни поджанрови на научната фантастика, од комедија и стимпанк до хорор и фантазија.

Иако станува збор за анимација, сепак оваа ТВ серија се препорачува за публика над 18 години бидејќи поголемиот дел од епизодите вклучуваат многу насилство и голотија (скоро на истото ниво како просечна епизода од „Игра на тронови“). Но, ако треба да споредуваме во однос на приказната, тогаш најблиската ТВ серија би била „Црно огледало“, но во анимирана форма и со многу послободен пристап на раскажување.

„Љубов, смрт и роботи“ ги претставува проблемите на модерното општество, притоа обидувајќи се да го задржи вниманието дури и на генерацијата Јутјуб, правејќи ги епизодите со должини меѓу 6 и 17 минути. Најчесто се обработуваат тешки и темни теми, што не се за сечие срце. Веќе спомнавме дека серијата изобилува со насилство и голотија, и тоа ја прави визуелно тешка за гледање, но темите како силување или машката доминација врз женските тела ѝ даваат и психолошка тежина. Имајќи го сè ова на ум, би ѝ дале шанса?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар