Што е амбиверт и дали можеби и вие спаѓате во оваа категорија?

Што е амбиверт и дали можеби и вие спаѓате во оваа категорија?

Дали сте се обележале како екстроверт или интроверт, за подоцна да сфатите дека не спаѓате во ниту една од овие две категории? Изгледа дека за подобро да ги разбираме луѓето и нештата, сакаме да ги категоризираме и да ги обележуваме. На овој начин е полесно да ги гледаме работите, иако сме свесни дека секогаш постои сива зона помеѓу две категории.

Што е амбиверт и дали можеби и вие спаѓате во оваа категорија?

Човечкото однесување најмногу спаѓа во сивата зона. Се разбира, некои однесувања можат да бидат категоризирани – серискиот убиец е психопат, но не значи дека секој психопат е сериски убиец. Во овој случај не станува збор за екстремно човечко однесување, туку за некои општи идеи за типовите на карактери.

Екстроверти и интроверти

Првиот којшто ја претставил оваа теорија за карактерите бил Карл Јунг, кој ги прославил и термините интровертност и екстровертност. Подоцнежните теории ги прилагодиле и подобриле гледиштата на Јунг. Повеќето од овие теории предлагаат дека секој има и екстровертна и интровертна страна, од кои едната е подоминантна.

Екстровертноста значи „насоченост кон надвор“, а интровертноста „насоченост кон внатре“. Па доколку сте екстроверт, вие сте отворена личност која ја добива енергијата од настани и делување. Најверојатно сте главни на забавите и сакате да бидете околу луѓе. Интровертите, од друга страна, си ја обновуваат енергијата додека се сами и може да се почувствуваат навистина истрошено од премногу социјална интеракција.

Екстровертноста и интровертноста не покажуваат дали сте повеќе или помалку пријателски настроени, туку покажуваат кое опкружување ви е најудобно.

Амбивертност

Некои луѓе одлично се вклопуваат со претходните карактери, но што доколку се наоѓате на средина? Неодамнешни психолошки истражувања се фокусирале на личности кои не се ниту изразени екстроверти, ниту изразени интроверти, и смислиле ново име за овие луѓе – амбиверти.

Да бидете амбиверт значи да покажувате знаци и на екстровертност и на интровертност. Некои денови би направиле сè за да бидете околу луѓе, а некогаш ви е потребен одмор од сите и сакате да бидете сами.

Истражувањата покажале дека 70% од нашиот карактер е генетски, но останатиот дел се менува во зависност од луѓето околу нас и ситуациите во кои се наоѓаме. Едноставно кажано, ние се адаптираме. Во зависност од ситуацијата, можете да бидете навистина разговорливи, а некогаш да им дозволите и на другите да зборуваат.

До некаде, интровертите можат да се однесуваат како екстроверти, и обратно. Но ситуациите со многу стимули можат навистина да ги изморат интровертите. Од друга страна, самотијата може да ги измори екстровертите. Амбивертот се движи помеѓу двете категории, а во некои ситуации ова може да биде голема предност.

Но, и амбивертите не се неодамнешно „откритие“. Додека ги одредувал личните карактеристики, Карл Јунг идентификувал и трет вид личности од спектарот на интроверти и екстроверти:

„Има и трета група – најбројната и го вклучува помалку различниот нормален човек. Тој ја претставува обемната средна група.“

Подоцна, психологот Ханс Ејснек го создал терминот „амбиверт“. Иако се потребни повеќе истражувања пред да се одреди процент, според постоечките истражувања, околу една третина од населението спаѓа во групата амбиверти.

Едно нешто е сигурно – не пости правилен или погрешен тип на личност. Научете што е можно повеќе за себе и тоа знаење нека ви биде предност. Најдете ги луѓето и активностите кои го извлекуваат најдоброто од вас и дозволете им да ве направат подобра личност.

Доколку не сте сигурни во која категорија спаѓате, овој тест ќе ви помогне да го откриете тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар