Дали вашиот партнер ги крие неговите чувства за иднината?

Дали вашиот партнер ги крие неговите чувства за иднината?

Правењето планови за иднината е нормален дел од секоја сериозна врска. Но доколку почнувате да чувствувате дека партнерот активно го избегнува овој разговор, тоа може да се претвори во поголем проблем подоцна. Иако знаците кои покажуваат дека вашиот партер ги крие неговите чувства за иднината можат да бидат суптилни, сепак морате да ги забележите и не смеете да ги игнорирате.

Дали вашиот партнер ги крие неговите чувства за иднината?

Штом ќе одлучите дека вашата врска е сериозна, планирањето на иднината е нешто што не можете да го избегнувате засекогаш. Сепак, кога сте возбудени за тоа што сте заедно, разговарањето за плановите треба да ве радува и двајцата. За жал, кога некој не е сигурен за иднината на врската, па може да се обидува да ја избегнува оваа тема. Следниве знаци ќе ви покажат дали и вашиот партнер се обидува да ги скрие неговите вистински чувства за вашата заедничка иднина.

1. Го одолговлекува правењето идни планови

Доколку партнерот се сомнева дека врската ќе трае долго, најверојатно ќе го одолговлекува планирањето на иднината. Ова одолговлекување може да се манифестира на многу начини, од двоумење и нејасни мислења за развивањето на врската, до неодлучност кога станува збор за планирање на одмор.

Кога ќе почувствувате дека врската не се движи напред, сосема нормално е да се чувствувате фрустрирано. Па доколку го забележите ова однесување кај партнерот, разговарајте со него за тоа што е можно побрзо.

2. Избегнува разговори за врската

Кога сте во врска, логично е да разговарате за нештата што се случуваат во врската. Доколку партнерот ги избегнува овие разговори, најверојатно не е вклучен во врската колку што ве натерал да верувате. Доколку никогаш не разговарате за ова, нема никакви емоционални реперкусии. Избегнувањето на разговорот му овозможува на партнерот да ги избегнува и проблемите на некое време. Оваа тактика му дава време да продолжи со врската без да го наруши емоционалното опкружување.

3. Разговара за идни планови во кои не сте вклучени и вие

Доколку забележите дека партнерот ви зборува за идни планови во кои ве нема и вас, можеби е знак дека приоритетите не ви се заеднички. Партнерот може да споделува информации за вас кои се доволно неважни за да ве вознемират, но доволно значајни за да ги забележите. На овој начин, тој постепено ги открива неговите желби кои не се совпаѓаат со вашите.

Разговарањето за заедничката иднина со партнер кој не е подготвен за тоа може да звучи како вистински предизвик. Но доколку сакате да дознаете во која насока се движи вашата врска, разговорот е неопходен. Зборувајте искрено и отворено за вашите грижи. Направете опкружување во кое партнерот ќе се чувствува безбедно да ги сподели неговите чувства, дури и ако тие нема да ви се допаднат. Подобро е да ја знаете вистината, отколку да живеете во лага. Штом ќе дознаете што се случува во главата на партнерот, можете заедно да одлучите што всушност ќе се случува со врската во иднина.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте заглавени во врска без иднина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар