50 одлични начини да ги забавувате вашите деца додека работите

Секој родител се нашол во ситуација да има премногу обврски кога детето бара внимание од него. Во овој случај, потребно е да најдете начин да го забавувате вашето дете за да можете да ги завршите сите задачи. Листата во продолжение ќе ви биде од голема помош во овие „итни случаи“. Некои од идеите се добри за деца на предучилишна возраст, а некои се одлични и за постарите.

50 одлични начини да ги забавувате вашите деца додека работите

1. Дајте му на детето неколку маркери и картонска кутија. Оставете да црта на неа колку и како што сака.

2. Направете експеримент. Наполнете поголем сад со вода и дајте му неколку предмети на детето. Предложете му да открие кои од предметите ќе потонат, а кои ќе пловат на површината.

3. Повторно наполнете сад со вода и во него ставете ја облеката од детските играчки. Замолете го детето да ја „испере“.

4. Направете роденденска забава за играчка. Оставете го детето само да го организира настанот.

5. Во кутија ставете стари ланчиња, белегзии и друг накит и кажете му на детето да ги среди.

6. Земете шише со широк отвор и направете топка од весник. Кажете му на детето да ја фрли топката во шишето.

7. Дајте му на детето картон, боички и хартија во боја и замолете го да направи нешто необично.

8. Купете боја за тело и ставете го детето во кадата (треба да биде сува и без вода). Дозволете му да црта на неа, а после исплакнете со вода.

9. Дајте му дебел конец на детето и речете му да го замота на маркери, боички или што било. Можете да направите и шаблони од картон во форма на змија, црв или нешто слично и да ја направите активноста уште позабавна.

10. Направете кутија за цртање со песок и оставете го детето да ужива во магијата.

50 одлични начини да ги забавувате вашите деца додека работите

11. Направете бротчиња од хартија и „море“ од ќебе. Оставете го детето да си игра.

12. Дајте му на детето балони и малку боја. Надувајте ги балоните и оставете го детето да црта на нив.

13. Претворете мала кутија во кабина за играчки. Направете прозорец и врата и закачете конец по кој ќе се движи кабината како по жичара.

14. Направете чаша од вистински јаболка – издлабете го јаболкото и во него ставете го омилениот пијалак на детето.

15. Дајте му овошје и зеленчук на детето и кажете му да си замисли дека работи во продавница. Играчките можат да бидат муштерии и касиери.

16. Дајте му алуминиумска фолија на детето и кажете му да направи круна или некаква друга декорација со неа.

17. Направете забава во пижами. Доколку имате вреќи за спиење, ставете ги на подот. Во спротивно, можете да го направите тоа и со ќебиња.

18. Претворете го детето во дизајнер за ентериер. Дајте му пенкало и хартија и кажете му да нацрта план за распоред на домот. Подоцна можете и да ја реализирате најдобрата идеја.

19. Доколку имате суви цветови и лисја кажете му на детето да направи хербариум.

20. Предложете му на детето да нацрта стрип. Приказната може да биде за што било, како на пример, за неговиот омилен суперхерој.

50 одлични начини да ги забавувате вашите деца додека работите

21. Ставете хамер на подот и кажете му на детето да нацрта линија со маркер. Потоа нека го користи хамерот како патека за тркање со колички.

22. Дајте му пластични чаши на детето со кои може да прави пирамиди, тврдини, кули или што било друго.

23. Закачете конец низ собата така што ќе изгледа како ласер од акционите филмови. Задачата на детето е да ги помине „ласерите“ без да го допре конецот.

24. Ставете хулахоп во средината на собата и кажете му на детето да фрла топчиња или авиони од хартија во него. Можете да му дадете и награда доколку погоди одредена точка од метата.

25. Побарајте од детето да си замисли дека е на училиште или во градинка. Дајте му играчки и кажете му да се грижи за нив.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар