3 хороскопски знаци на кои им претстојат денови исполнети со забава и романса

3 хороскопски знаци на кои им претстојат денови исполнети со забава и романса

Сигурно повеќето од вас ќе си речат дека и оваа недела е една од оние типични, есенски недели, исполнета со облачни и тмурни денови. Но, за некои од вас, работите почнуваат да се интензивираат и тоа токму овие денови! Сè ќе започне со конјукцијата помеѓу Меркур (планетата на комуникацијата) и Марс (планетата на инстинктот) што ќе придонесе за желбата да го кажете она што го мислите. Сепак, ова може лесно да доведе и до импулсивно однесување, па затоа земете длабок здив пред да се впуштите во акција.

3 хороскопски знаци на кои им претстојат денови исполнети со забава и романса

Во продолжение прочитајте на кои 3 хороскопски знаци им претстои исклучително добар период.

Рак

Оваа недела вашата имагинација ќе достигне нови димензии. Со мислите ќе почнете да талкате на места за кои никогаш порано не сте ни сонувале. Ваквото искуство ќе придонесе да гледате на светот со нови очи, но и да создавате уметност. Во овој период ќе експериментирате со вашата имагинација, а во вашата потсвест ќе се таложат сите ваши досегашни откритија. Искористете ги можностите да талкате, било со мислите, било физички, а со тоа дефинитивно ќе се подобри вашето ментално расположение.

Скорпија

Дали чувствувате пеперутки во стомакот? Вљубени сте во некого, или во последно време сè почесто размислувате за љубовта и за тоа дека сакате да ја делите со некого? Ако одговоривте со „да“ на сите овие прашања, тогаш веќе знаете што ќе ви донесе космосот оваа недела. Тој ќе ја активира вашата романтична страна и ќе ве потсети на магијата што постои во светот. Дозволете си да бидете маѓепсани и препуштете ѝ се на убавината што ве опкружува. Токму за тоа и живеете.

Риби

Подготвени сте да се втурнете во непознатото и да го откриете светот. Оваа недела зрачите со толку силна енергија како никогаш досега. Поставете ги своите желби и потреби на прво место и не воздржувајте се од преземање ризици. Тоа се нови искуства кои ќе ви помогнат да се осознаете подобро себеси и да ги проширите своите видици. Искуства кои ќе ви покажат дека светот е поголем отколку што сте замислувале. Некаде таму постои еден огромен универзум што чека да го истражите, се разбира доколку сакате да го направите тоа.

Откако прочитавте на кои 3 хороскопски знаци универзумот ќе им биде особено наклонет овој период, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот кинески хороскоп за ноември 2021.

Извор: elitedaily.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар