Месечен кинески хороскоп за ноември 2021: Период на нови можности

Месечен кинески хороскоп за ноември 2021: Период на нови можности

Според кинескиот хороскоп, ноември е период кога ќе бидат достигнати многу цели. Ноември е и месец кога многу тајни ќе бидат откриени. На љубовно поле можат да се појават романтични искри и да прераснат во љубовна врска. Обидете се да ги избегнете недоразбирањата и не однесувајте се импулсивно при носењето одлуки. Погледнете во продолжение што ви предвидува кинескиот хороскоп за следниот период.

Месечен кинески хороскоп за ноември 2021: Период на нови можности

Стаорец (1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)

Во ноември ве очекуваат убави патувања, а некои од нив можат да ви донесат корист и на професионален план. Сè е во ред на полето на финансии, дури и можете да сметате на наклонетоста и помошта на вашите пријатели и семејство. На крајот на месецот очекувајте поволен пресврт на полето на кариерата. Во овој период во вас ќе се разбуди страст за одредени вештини кои ќе ве поттурнат на патот кон успехот.

Вол (1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)

Во ноември ќе бидете преоптоварени со работни обврски кои можат да го нарушат вашето здравје па затоа обидете се да ја намалите изложеноста на стрес. Ако останале некои нерешени прашања од минатото, време е да се соочите со нив. Од друга страна, ќе имате можност да покажете колку сте навистина вредни и способни.

Тигар (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)

Вас ве очекува занимлив период! Постои можност да запознаете интересна личност во ноември. Кон крајот на месецот добрите околности ќе направат да ви се исполни желбата, а тоа само по себе значи дека ќе бидете радосни и среќни. Иако понекогаш ќе бидете доведени во ситуација да ги браните своите интереси, сепак не се откажувајте од своите ставови и одете докрај.

Зајак (1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)

На почетокот на месецот треба да направите пауза од работата и да се одморите, како и да посветите повеќе внимание на вашето здравје. Кога ќе се чувствувате подготвени, можете да направите чекор напред и да постигнете резултат со кој ќе се гордеете! Во текот на ноември, ненадеен пресврт на судбината ќе ви даде можност да ги исполните вашите желби. Очекувајте и зголемување на вашите приходи овој период.

Змеј (1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)

Почетокот на месецот ќе ви биде прилично исполнет затоа што ќе сакате да почнете да се бавите со нешто ново, на пример некој спорт или пак ќе патувате некаде. Ќе дејствувате храбро и одлучно во постигнувањето на вашите цели затоа што верувате во себе дека можете. Ќе бидете доста самоуверени во моментот кога ќе треба да ги браните вашите интереси. Има можност да запознаете интересна личност.

Змија (1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)

Во ноември не е препорачливо да реагирате непромислено во комуникацијата со другите, па затоа покажете малку мудрост! Дури и ако нешто не оди, не грижете се. Очигледно е дека старите методи веќе не функционираат, па затоа користете нови и поиновативни начини за да постигнете резултати. Ќе бидете полни со енергија, храброст и самодоверба. Сепак, не ги занемарувајте тестовите и испитите и запомнете дека треба добро да се подготвите за да ги положите.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар