10-те најдобри ТВ серии во 2015 година

10-те најдобри ТВ серии во 2015 година

Поради ограничениот број часови кои ги имаме во еден ден за гледање телевизија, човек може да каже дека никогаш нема да има доволно време да изгледа сѐ што критичарите, колегите, пријателите и семејството велат дека треба да се види. Ако ги тргнеме на страна другите години, само во 2015-та имаат снимено 409 серии… Едноставно не може да се изгледаат сите.

10-те најдобри ТВ серии за 2015-тата

Да се издвојат 10-те најдобри ТВ серии кои се емитуваа годинава (постари или понови) е херкулски зафат. Затоа, на оваа листа се наоѓаат само оние кои се добро напишани, фантастично одглумени и маестрално сработени. Погледнете ги најдобрите ТВ серии во 2015-тата година:

10. „Кежуал“ (Casual)

10-те најдобри ТВ серии за 2015-тата

„Опуштено“ припаѓа во светот на ниско буџетните, „инди“ серии и со право се наоѓа на оваа листа. Во неа имаме можност да ги следиме приказните на ликовите толкувани од Микајла Ваткинс, која ја игра улогата на разведена мајка, Тајра Лин Бар како нејзината ќерка и Томи Дјуи, како нејзиниот брат и креатор на една апликација за љубовни средби со кого мајката и ќерката се вселуваат да живеат заедно. Чудниот хумор истражува како веб-сајтовите и апликациите за состаноци кои треба да нè направат подобри во љубовта, всушност нè прават многу полоши.

9. „Во неплодните земји“ (Into the Badlands)

10-те најдобри ТВ серии за 2015-тата

Тука нема пиштоли и експлозии, но затоа има многу кунг фу, како и 7 барони и нивните војски од тренирани убијци, кои го држат законот во свои раце. Но, што би е случило ако едно дете со неверојатна моќ може да натера еден барон да се сврти против другите? Ова е синопсисот на драмата на извршниот продуцент, а и актер, Даниел Ву. Серијата не само што крши стереотипи имајќи Азиец во главна машка улога, туку и најголемиот злобник во неа, Вдовицата, е смртоносен борец со цела армија жени кои сакаат да преземат сѐ. Светот на ТВ серијата „Во неплодните земји“ ги има едни од најумешните ТВ сценографии и е фантастично снимен и пренесен на екраните.

8. „Ничиј господар“ (Master of None)

10-те најдобри ТВ серии за 2015-тата

Светлата страна на денешната ситуација со бројните ТВ серии е фактот што добрите приказни имаат шанса да успеат и надвор од традиционалните телевизиски канали. „Ничиј господар“ носи важна порака со себе и никој немаше да ја слушне ако Нетфликс не се согласеше да ја направи оваа серија. Претставништвото на малцинствата е една работа, но дозволувајќи им да играат улоги надвор од стереотипите и одново да ги постават равенките на изборот на актери е сосема друга и многу поважна работа. Она што го гледаме е неверојатно осмислена сезона за тоа како ние несвесно ги судиме и третираме другите по раса, пол, возраст и националност – претставено низ многу паметен хумор.

7. „Баксузот“ (The Jinx)

10-те најдобри ТВ серии за 2015-тата

Оваа документарна серија се фокусира на енигматичната фигура, Роберт Дурст, кој беше испрашуван во врска со исчезнувањето на неговата сопруга и кој потоа се соочи со две обвиненија за убиство, од кое едното е за негов близок пријател. Шесте делови од документарецот беа морничави со самата сомнителна околина која го опкружува Дурст, па заедно со неговото учество во неа добивате една одлична авантура.

6. „Гoсподин Робот“ (Mr. Robot)

10-те најдобри ТВ серии за 2015-тата

Оваа американска драма е една неверојатна приказна со најразлични аспекти на модерниот живот, при што гледачот има потешкотии да одлучи во што да верува. Таа ја истражува корпоративната и бирократска алчност, дрогата, социјалните односи, љубовта и предавството. Низ сето тоа, предводени сме од главниот лик Елиот (Реми Малек), кој пак ги следи наредбите од мистериозната фигура во ликот на Кристијан Слејтер – кралот на хакерите, Господин Робот. Но, што е вистина и кој е главен? Не знаеме со сигурност, но ова е едно неверојатно патување кое едноставно мора да го поминете.

5. „Нескршливата Кими Шмит“ (The Unbreakable Kimmy Schmidt)

10-те најдобри ТВ серии за 2015-тата

Кој би можел да претпостави дека Ели Кемпер (од ТВ серијата „Канцеларијата“) ја имала Кими Шмит во себе? Повторно, благодарност до Нетфликс што им ја пренесе оваа незаменлива комедија на гледачите. Луда и малку претерана, станува збор за комедија која се формира околу актерите. Приказната се врти околу Кими, која откако со години ќе биде изолирана од страна на полигамичен лидер на култ, таа ќе ја искуси надворешноста со уникатна страст. Ова е една освежувачка страна на овој жанр, која нема да ја видите на друго место.

4. „Силициумска Долина“ (Silicon Valley)

10-те најдобри ТВ серии за 2015-тата

Талентирани, но неискусни млади кои се наоѓаат во натпреварувачкиот свет на бизнисот секогаш ќе биде успешна и смешна формула за сценарио. Гледајќи како момците од „Силициумска Долина“ се обидуваат да се уверат себеси дека се добри во технолошкиот бизнис со милиони долари на ризик, е малку лекомислено, но од друга страна ние сепак навиваме за нив. Втората сезона беше особен предизвик, бидејќи момците мораа да се соочат со едно нишало кое се ниша во нивна корист, за потоа да биде најдалеку од нив. Делови од компанијата се распаѓаа, а момците сведочеа како нивната работа паѓа во рацете на конкурентите. Се смеевме многу, но не ни беше сеедно.

3. „Дердевил“ (Daredevil)

10-те најдобри ТВ серии за 2015-тата

Стивен С. Денајт (Спартакус) вешто изработи една серија која не само што ги задоволи љубителите на стриповите, туку и оние кои не знаат ништо за овој херој и првпат чуле за него. Во една темна серија за совладувањето на демоните, херојот делуваше истовремено и супер и човечки, а талентираните актери како Росарио Досон и Винсент Донофрио само го покачија квалитетот. Ова е одличен следбеник на ТВ серијата „Џесика Џоунс“.

2. „Луди мажи“ (Mad Men)

10-те најдобри ТВ серии за 2015-тата

После неверојатни 6 сезони на една серија која е добро позната и критички одобрена како „Луди луѓе“, логично е да ги избегнувате преостанатите понови серии. Потоа, ја гледате финалната епизода и се прашувате како сте живееле досега без неа. Такви чувства го обземаат секој кој ќе се одлучи да ја гледа оваа серија.

1. „Игра на тронови“ (Game of Thrones)

10-те најдобри ТВ серии за 2015-тата

„Игра на тронови“ мора да биде на оваа листа и без сомнение го заслужува првото место. Но, тоа не значи дека последната сезона на оваа фантастична серија беше совршена или пак, дека не сака да си поигра со фановите кога се работи за, на пример, кој умира. Во секој случај, серијата е сѐ уште господар на перипетиите – независно дали фановите ги сакаат или не. И сѐ уште е едно неверојатно достигнување составено од врски, битки и мистицизам. Сето тоа придонесува за телевизиска маестралност која нè освојува недела по недела.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар