ТВ серија: Господин Робот (Mr. Robot)

ТВ серија за брилијантен хакер кој страда од антисоцијално нарушување

(1) tv-serija-gospodin-robot-mr-robot-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Рами Малек

Жанр: криминал, драма

Креатори: Сем Есмаил

Премиера: 24 јуни 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (14 гласа, просек: 9.29 од 10)

Loading...Loading...

Приказната започнува така што нè води во секојдневниот живот на младиот и брилијантен хакер, Елиот (Рами Малек). Тој страда од антисоцијално нарушување, но истовремено се бори и со илузии. Без разлика каде е, тој има чувство како луѓе во одела да го следат. Претерано е параноичен и нема многу пријатели. Елиот не ги запознава луѓето како што тоа го прават сите. Доколку сака да открие нешто повеќе за одредена личност, тој им го пробива компјутерот и ја следи нивната комуникацијата со другите преку социјалните мрежи, мејлови и пораки. Токму затоа и знае за нив многу повеќе одошто тие се свесни.

(2) tv-serija-gospodin-robot-mr-robot-www.kafepauza.mk (3) tv-serija-gospodin-robot-mr-robot-www.kafepauza.mk

Тој преку ден работи како инженер за сајбер заштита, а во текот на ноќта преку хакирање се обидува да го направи светот подобро место за живеење. Токму затоа и ќе го привлече вниманието на еден анархист, кој има големи планови за луѓето во Америка. Всушност неговата идеја е толку голема и брилијанта, што младиот Елиот едноставно нема да може да ѝ одолее. Но, поради своите психолошки проблеми ќе се бори со себе, не знаејќи дали овие настани се вистинити или само дел од неговата фантазија.

(4) tv-serija-gospodin-robot-mr-robot-www.kafepauza.mk (5) tv-serija-gospodin-robot-mr-robot-www.kafepauza.mk

Станува збор за детално изработена приказна, опколена со мистерија и заговори кои се поголеми од сите нас. Елиот ќе ве натера почнете да се сомневате во сè што гледате пред вас, откривајќи ви еден сосема нов свет, скриен свет, од кој тајно владеат моќни луѓе кои се невидливи за останатите. Рами Малек исклучително го игра ликот на Елиот, што само дополнително придонесува за успешноста на оваа ТВ серија. Па, ако сте расположени за теории на заговор, рушење на општеството какво што го знаеме и многу мистериозност, тогаш оваа приказна без сомнение брзо ќе ви стане омилена.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар