ТВ серија: Кежуал (Casual)

ТВ серија за ерген кој повторно живее под ист кров со неговата сестра и нејзината ќерка

(1) ТВ серија: Кежуал (Casual)Главни улоги: Микаела Воткинс, Томи Дуи, Тара Лин

Жанр: комедија

Креатор: Зандер Лемен

Премиера: 7 октомври 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 25 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 9.00 од 10)

Loading...Loading...

Неодамна разведената Валери (Микаела Воткинс) и нејзината тинејџерка ќерка, Лаура (Тара Лин), се вселуваат во домот на помладиот брат на Валери, Алекс (Томи Дуи). Тој е безнадежен ерген кој одвреме-навреме оди на љубовни состаноци, па токму затоа и ќе сака да ѝ помогне на својата сестра повторно да се врати во светот на состанувањето.

(2)ТВ серија: Кежуал (Casual) (3) ТВ серија: Кежуал (Casual)

Алекс има популарен веб-сајт за запознавање кој често го користи во своја корист за да си „мести“ згодни девојки, но овој пат ќе почне да го користи со цел да ѝ најде нов партнер на Валери. Тие заедно си даваат меѓусебни совети со цел полесно да ги надминат многуте разочарувања, додека истовремено се обидуваат и правилно да ја воспитуваат Лаура која на моменти делува повозрасно од нив двајцата заедно.

(4) ТВ серија: Кежуал (Casual) (5) ТВ серија: Кежуал (Casual)

Станува збор за комедија, со елементи на драма која без сомнение ќе ве насмее. Приказната се одвива типично за својот жанр, додека динамиката помеѓу ликовите дава малку поинаков поглед кон нетипичните модерни семејства. Па, доколку сте расположени за забава и опуштање, оваа ТВ серија е одлична за вас бидејќи е многу лесна за гледање. Епизодите траат кратко, но се исполнети со доволно хумор за да ве натераат да пуштите барем уште една епизода.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар