ТВ серија: Нескршливата Кими Шмит (Unbreakable Kimmy Schmidt)

Животот започнува кога светот нема да заврши

(1) ТВ серија: Нескршливата Кими Шмит (Unbreakable Kimmy Schmidt)Главни улоги: Ели Кемпер, Џејн Краковски, Тајтус Бургес

Жанр: комедија

Креатори: Роберт Карлок, Тина Феј

Премиера: 6 март 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 30 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (5 гласа, просек: 9.80 од 10)

Loading...Loading...

Во последните 15 години од нејзиниот живот, 29-годишната Кими Шмит верувала дека светот е уништен и дека таа заедно со уште 3 девојки и свештеникот кој ги спасил се единствените преживеани на планетата. Тие живееле во мал бункер, заедно со свештеникот, каде што им било забрането воопшто и да помислат на надвор, бидејќи целата планета наводно била обвиена со оган и едноставно ништо не можело да го преживее тоа. Но, откако полицијата конечно ќе ги најде и спаси, Кими ќе сфати дека сега може да направи сè што мислела дека никогаш нема да може.

(2) tv-serija-neskrshlivata-kimi-shmit-unbreakable-kimmy-schmidt-www.kafepauza.mk (3) tv-serija-neskrshlivata-kimi-shmit-unbreakable-kimmy-schmidt-www.kafepauza.mk

Кими одеднаш ќе се најде во средината на Њујорк, градот на вторите шанси, без дом ниту работа. Но, нејзиниот оптимизам не ѝ дозволува да размислува негативно за нејзината моментална состојба. Таа е надвор во светот, дише чист воздух и има шанса да биде сè она што ѝ било одземено во последните 15 години. Токму таа мисла го полни нејзиниот ентузијазам, не давајќи ѝ да се откаже. Кими е нескршлива и тоа ќе успее на сите да им го докаже! Но, не само тоа. Таа ќе влијае позитивно и инспиративно на сите луѓе кои ќе ги сретне. Токму нејзината невиност и неискуство со злобните нешта за кои се способни луѓето ќе ѝ овозможи брзо да го освои срцето на сите оние со кои ќе стапи во контакт. Вклучувајќи ве и вас.

(4) tv-serija-neskrshlivata-kimi-shmit-unbreakable-kimmy-schmidt-www.kafepauza.mk (5) tv-serija-neskrshlivata-kimi-shmit-unbreakable-kimmy-schmidt-www.kafepauza.mk

Станува збор за интересна и лесна ТВ серија која истовремено и ќе ве насмее и ќе ве релаксира. Кими ќе ве потсети на убавините на животот, на добрата страна на нештата, како и на фактот дека никогаш не треба да заборавате дека вреди да се живее. Дури и да сте биле во „бункер“ долго време, вие треба да излезете на површината и да го запознаете светот одново. Ели Кемпер одлично ни ја претставува улогата на Кими која е секогаш енергична, позитивна и со цело тело го впива сè она што го учи за светот, а на тој начин ни помага и нам да учиме важни лекции за самиот живот. Оваа приказна е мало освежување од овој жанр и бидејќи е направена од „Netflix“, целата сезона е веднаш достапна за гледање. Токму затоа доколку ви е потребно викенд опуштање, ви предложуваме маратон со „Нексршливата Кими Шмит“. Гарантираме дека нема да зажалите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар