Најубавите скулптури во светот

Најубавите скулптури во светот

Векови наназад, големите уметници го збогатија човештвото со извонредни творби. Дел од нив се претставени преку уметноста на скулптурите. Ова е листата на топ 10 најубави скулптури низ светот.

Бронзениот Давид (Bronze David)

Најубавите скулптури во светот

Оваа скулптура е направена околу 40-тите години од 15 век од страна на Донатело (1386-1466) и е една од најпознатите скулптури денес. Таа е позната по тоа што е првиот проект во бронзена форма за време на ренесансата. Исто така, претставува првата гола машка скулптура направена после античкиот период. На неа е отсликан младиот Давид со енигматска насмевка, кој ја гази отсечената глава на големиот џин Голијат. Тој е целосно гол, освен капата и чизмите кои се направени од ловоров лист и во својата рака го држи мечот на Голијат.

Девојката со птиците (Savannah Bird Girl Statue)

Најубавите скулптури во светот

Ова е дело создадено во 1936 година од скулпторката Силвија Шо Џудсон. Оваа скулптура се наоѓа во Лејк Форест, Илиноис и ја достигнала својата популарност кога била објавена на насловната страница на новелата „Ноќ во градината на доброто и злото“. Направена е во местото Радагл, каде што се наоѓа куќата на нејзиното семејство. Девојката со птиците е изработена во бронза и ја отсликува младата девојка која е облечена во едноставно фустанче, со тажен израз на лицето и главата навалена во лево. Таа стои исправено и во своите раце држи два сада кои се сметаат дека се наменети за хранење птици.

Фрлачот на диск (The Discus Thrower)

Најубавите скулптури во светот

За жал, ова е изгубена грчка бронзена скулптура направена во периодот 450-460 п.н.е. Познати се голем број римски копии кои првично биле најдени како изработки од мермер. Пример за таква скулптура е Palombara Discopolus. Како и секогаш во грчката атлетика, фрлачот на диск е гол.

Бакнежот (The Kiss)

Најубавите скулптури во светот

Бакнежот е мермерна структура направена во 1889 година од францускиот скулптор Огист Роден. Оваа скулптура има доста интересна приказна. Се работи за италијанската аристократка од 13-от век, Франческа, опеана во „Пеколот“ на Данте. Таа се заљубува во Паоло, помладиот брат на нејзиниот маж Џовани Маластета. Но, како што се вели: секоја голема љубов е трагична, па и нивната приказна не е исклучок. Така заљубени и читајќи ја легендата за Ланцелот, биле пронајдени од мажот на Франческа и убиени. Во скулптурата, дури може да се види книгата во раката на Паоло. Впрочем, на самата скулптура се гледа дека при бакнежот нивните усни не се допираат што иницира на тоа дека биле прекинати.

Хермес и малиот Дионис (Hermes and The Infant Dionysus)

Најубавите скулптури во светот

Оваа скулптура е позната уште како Хермес од Праксителес или Хермес од Олимпија, а била откриена во рушевините на храмот на Хера. Денес се наоѓа во олимпискиот археолошки музеј. Скулптурата традиционално му се припишува на Праксителес и датира од 4 век п.н.е, врз основа на забелешките на грчкиот патник Павзаниј, кој направил голем придонес за дефинирање на праксителеанскиот стил. Сепак, неговите прибелешки се тема на жестоки контроверзии меѓу историчарите на уметноста.

Правда (Lady Justice)

Најубавите скулптури во светот

Дамата-правда е една од најпознатите светски скулптури. Кој е причинител за нејзиното настанување, сè уште не се знае, меѓутоа се претпоставува дека таа потекнува од времето на Грците и римјаните кои ја сметале за божица на правдата и законот. Факт е дека оваа скулптура ги краси сите судници во светот и затоа е толку популарна. За неа се познати и други имиња како Скала на правда и Слепа правда.

Оплакување (La Pieta)

Најубавите скулптури во светот

Креирана од Микеланџело, оплакувањето ја отсликува Богородица како го држи својот син Исус во прегратка. Пред оваа скулптура, Микеланџело не бил многу познат скулптор. Тој имал само околу 20 години кога во 1498 година му било кажано да направи скулптура на Богородица како го оплакува својот син, во вистинска големина. За две години и тоа од само една плоча мермер, тој ја создаде оваа скулптура која кога ја гледате ви навираат солзи во очите.

Мислителот (The Thinker)

Најубавите скулптури во светот

Мислителот е исто така дело на Огист Роден. Првичното име на оваа скулптура била „Поетот“ и била наменета да стои пред влезот на музејот на уметности во Париз. Роден го засновал своето дело врз Божествената комедија на Данте и сите статуи претставуваат лик од оваа епска поема. Мислителот, бил првично наменет, да го отслика Данте пред портите на пеколот како размислува за својата поема (финалната скулптура е всушност минијатурна статуа која седи на врвот од портите и размислува за оние кои се под него). Скулптурата е гола, како би се продолжила традицијата на Микеланџело каде што Роден преку неговото херојско дело сакал да отслика и поезија и интелект.

Венера де Мило (Venus de Milo)

Најубавите скулптури во светот

Оваа скулптура е создадена некаде меѓу 100-130 година п.н.е. и се верува дека е направена да се отслика убавината на Афродита, грчката божица на љубовта и убавината. Таа е мермерна структура, голема 203 см. Нејзините раце и оригиналното цокле се изгубени, меѓутоа на натписот од остатоците од цоклето се смета дека е дело на Александрос од Антиохија, кое претходно погрешно се мислеше дека е дело на Праксителес. Денес Венера де Мило се наоѓа во музејот во Лувр, Париз и интересно за неа е што била случајно пронајдена на полето на еден фармер.

Давид (David)

Најубавите скулптури во светот

Давид е ремек-дело на ренесансната скулптура, креирано меѓу 1501-1504 година од италијанскиот уметник Микеланџело. Таа е 5,17 метри висока мермерна структура од гол маж. Статуата го претставува библискиот херој Давид, кој е омилена тема во уметноста на Фиренца. Првично била наменета да ја краси катедралата на Фиренца, но потоа била преместена на јавниот плоштад надвор од Palazzo Della Signoria (средиштето на граѓанската влада во Фиренца), каде била пронајдена на 8 септември 1504 година. Поради природата на овој херој, наскоро скулптурата станала симбол за одбрана на граѓанските слободи во Фиренца, која тоа време била град-држава. Во 1873 година, статуата била преместена во академската галерија во Фиренца, а на местото на нејзиното пронаоѓање изработиле иста скулптура на Давид (реплика). Предупредувачиот отсјај во неговиот поглед е свртен накај Рим.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Anomis Reply

    Najubavi mi se Lady Justice I the thinker =]]]

  2. MasterOfTheGame Reply

    Vi fali Ace-ta nash :)))))) so konjot!

Напиши одговор на MasterOfTheGame Откажи одговор