Чудата на архитектурата кои нè оставаат без здив

Чудата на архитектурата кои нè оставаат без здив

Автор: Цветанка Арнаудова

Богородичната црква или Нотрдам е катедралата на Париз и седиште на архиепископот во градот. Нејзиното име значи „Нашата Госпоѓа“ (Дева Марија) и се смета за најубав пример на француската готска архитектура. Архиепископот Морис де Сити го посветил својот живот и богатство на изградбата на катедралата. Се градела во периодот од 1163 до 1345 година. На нејзината изградба работеле многу архитекти, што е видливо по различните стилови и висини на западниот дел и кулите.

Чудата на архитектурата кои нè оставаат без здив

Најмногу воодушевува изгледот на предната фасада со тројниот портал над кој е поставена галерија од 28 статуи, елегантната розета како фасаден централен елемент и издигнатите кули по кои катедралата е особено препознатлива. Нејзината внатрешност освојува со разнобојните розети низ кои поминува светлина и како шарен цвет се пресликува на дел од подот. Специфичен елемент на Богородичната црква е едното од петте ѕвона наречено Емануел, сместено во јужната кула.

Чудата на архитектурата кои нè оставаат без здивЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здив

Катедралата во Келн е неизбежна за споменување, па и повеќе кога станува збор за чудата на архитектурата. Посветена е на Св. Петар и на Св. Богородица. Келнската катедрала, која е седиште на надбискупот на Келн, се градела во периодот од 1248 до 1880 год., кога е целосно завршена. Поради нејзините високи  куполи по кои е особено впечатлива, ја има најголемата фасада на една црква во светот. Фасада со украсени портали, запчести триаголни ниши распоредени во четири зони и елементи како четирилисни детелини и цветови кои се совршено вклопени…

Чудата на архитектурата кои нè оставаат без здивЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здив

Несомнено, едно од најчудесните архитектонски дела е црквата Саграда Фамилија во Барселона, Шпанија. Нејзиното име значи „Црква на Светото Семејство“. Се смета за дело на големиот архитект Антонио Гауди кој во 1882 год. добил задача да ја заврши. Таа веќе била во изградба како структура на готска преродба од архитектот Франциско де Вилар.

Чудата на архитектурата кои нè оставаат без здив

Уникатна е поради декорацијата која изобилува со биолошки орнаменти и апстрактни форми. Нејзината внатрешност не е ништо помалку необична. Се карактеризира со најразлични цветни форми, дел од нив исполнети со разнобоен витраж.

Чудата на архитектурата кои нè оставаат без здивЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здив

Фирентиската катедрала или Санта Марија дел Фиоре е украс на Фиренца, како особено значаен дел од италијанската архитектура. Изградбата е започната во 1296 год. по проектот на Арнофло ди Камбио и комплетно завршена во 1436 со куполата конструирана од Филипо Брунелески. Катедралниот комплекс ги вклучува и крстилницата и камбанаријата. Има навистина богато декорирана фасада карактеризирана со трите портали со насликани тимпанони, три розети, од кои две помали и една поголема централно поставена, како и галерија на скулптури.

Чудата на архитектурата кои нè оставаат без здивЧудата на архитектурата кои нè оставаат без здив


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ana Reply

    Treba da se spomnat i St.Vitus i St.Stefan zatoa sto se edni od najgolemite i najdolgo praveni katerdali.

  2. Alice Reply

    Crveniot ploshtad vo Moskva isto 🙂

Напиши одговор на Alice Откажи одговор