Неколку занимливи факти за архитектурата

Неколку занимливи факти за архитектурата

Историјата на градењето датира одамна во минатото. За тоа време, човечката потреба за градење се трансформира во архитектонска професија, а во тој процес привлече секакви ексцентрични, визионерски и тврдоглави поединци. Во продолжение ви споделуваме дел од најинтересните факти за архитектурата.

Неколку занимливи факти за архитектурата

Архитектурата некогаш била олимписки спорт

Во текот на првите четири децении од модерните Олимписки игри, доделени се 151 медали за музика, сликарство, скулптура, литература и архитектура. Освен тоа, основачите на меѓународниот олимписки комитет, сметале дека уметноста е суштински дел од натпреварувањето. Единствениот критериум кој требало да се исполни бил сите овие категории споменати погоре да бидат поврзани на некој начин со спортот.

Првиот облакодер во светот

Зградата на „Home insurance“,изградена во Чикаго во 1885 година, се смета за првиот вистински облакодер во светот. Во исто време, тој бил и првиот облакодер со челична конструкција. Висок 42 метри и распослан на 10 ката. Сепак, дури и да одите во Чикаго, овој облакодер нема да го видите денес, бидејќи бил срушен во далечната 1931 година.

Најбрзиот лифт во светот

Според најновите податоци, најбрзиот лифт во светот се наоѓа во Шангајската кула во Кина. Тој оди со неверојатна брзина од околу 70 километри на час. Споредете го тоа со брзината на првиот лифт, поставен уште во 1857 година, чија просечна брзина била околу 0,7 километри на час…

Понекогаш не е потребна диплома

Човекот кој се смета за еден од најголемите и најважните архитекти на сите времиња, Ле Корбизје, немал формално архитектонско образование, односно не завршил Архитектонски факултет. Наместо тоа, читал и проучувал, скицирал згради и посетувал музеи. Навистина, човекот бил мултиталентиран!

За да се изгради Кинескиот ѕид било потребно подолго време отколку што постои христијанството

Времето е навистина нешто релативно. Идејата за единствен, обединет ѕид за заштита на Кина од напаѓачите започнала кога Чин Ши Хуанг, првиот кинески цар (221-206 п.н.е.) поврзал различни утврдувања изградени помеѓу 8 и 3 век п.н.е. Изградбата продолжила до 1878 година, што значи дека, вклучувајќи ги и првобитните утврдувања, изградбата траела околу 2500 години.

Откако ги прочитавте овие занимливи факти за архитектурата, можеби ќе сакате да прочитате и дали иднината на архитектурата лежи во т.н. живи куќи.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар