Дали навистина ни се потребни 8 часа сон?

Дали навистина ни се потребни 8 часа сон?

Сигурно досега многупати сте слушнале дека за правилното функционирање на организмот потребни се 8 часа сон. Но, професорот од Харвард, д-р Данијел Либерман, не се согласува со ова тврдење.

Дали навистина ни се потребни 8 часа сон?

Либерман е најпознат по неговите истражувања за човечката еволуција, палеоантропологијата, еволутивната медицина и вежбањето. Тој вели дека правилото за осум часа на ноќ постои долго време, од индустриската револуција. Сепак, тој и неговите колеги спровеле истражување на луѓе кои спијат шест или седум часа и не дремнуваат во текот на денот и дошле до заклучок дека наместо осум, доволни се седум часа сон.

Неговото тврдење, од друга страна, има смисла имајќи предвид дека предложената количина на сон зависи од возраста. Седум или повеќе часа сон во текот на ноќта се препорачуваат за возрасни, додека децата на најрана возраст треба да спијат подолго.

„Ви требаат повеќе часа сон ако сте болни, но седум часа се доволни за повеќето луѓе“, заклучува д-р Либерман.

Откако прочитавте за најновите истражувања во поглед на тоа колку часа сон ни се потребни, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 5 техники за подобар сон додека патувате.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар