5 техники за подобар сон додека патувате

5 техники за подобар сон додека патувате

Иако одењето на одмор на прв поглед ни се чини како идеална можност за релаксација и одвлекување на вниманието од секојдневните грижи и проблеми, сепак може негативно да се одрази врз нашиот распоред за спиење. Патувањето, особено доколку станува збор за различни временски зони, може значително да го промени нашиот биолошки ритам. Станува збор за т.н. циркадијален ритам кој го регулира циклусот сон-будност и се повторува на секои 24 часа. Неговото нарушување може да резултира со значителни проблеми со спиењето. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со техники за подобар сон додека сте на патување.

5 техники за подобар сон додека патувате

Нормален распоред на спиење

Доколку сте отсутни само неколку дена, најдобро би било да се придржувате до вашиот нормален распоред на спиење и будење. На тој начин, вашето тело нема да има потреба од прилагодување на нова рутина кога ќе се вратите дома.

Релаксирачка музика

Од клучно значење е да бидете свежи и одморени додека патувате, особено доколку одите на подолги растојанија. Сепак, без разлика дали сте во автомобил, воз или авион, не секогаш можете да се одморите со оглед на сета бучава во позадина. Во овој случај, експертите ви препорачуваат да слушате релаксирачка музика со звуци од природата. Смирувачките звуци ќе ви помогнат да се релаксирате и да заспиете полесно.

Физичка активност

Додека можеби планирате да се одморите покрај базенот или да го посетите спа центарот, одвојте време и да вежбате што е од клучно значење за добар сон. Од друга страна, тоа ќе ви го подобри и расположението.

Изложеност на светлина

Доколку планирате да останете неколку дена во различна временска зона, вашата изложеност на дневна светлина ќе биде клучна за менување на природниот циклус на будење и спиење врз основа на самата временска зона. Експертите им препорачуваат на патниците да бидат максимално изложени на дневна светлина наутро и попладне. Тоа ќе им овозможи и полесно да се прилагодат на новиот распоред на спиење.

Удобно место за спиење

Без оглед на фактот дека ќе спиете во сосема различна средина од која сте навикнати, сепак тоа не значи дека новата средина не може да биде подеднакво удобна. Тоа можете да го постигнете доколку со себе ја понесете омилената перница или доколку ја прилагодите температурата на собата да биде онаква каква што сакате да биде додека спиете.

Откако ги прочитавте нашите техники за подобар сон додека патувате, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 ефикасни техники ќе ви помогнат да спиете како бебе доколку страдате од несоница.

Извор: huffpost.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар