10 факти за ајкулите кои ќе ве изненадат

Филмовите во кои ајкулите се главни негативци ни даваат одредена слика за овие животни која од нив формира стереотип за злобни суштества кои сакаат да пливаат наоколу и да убиваат луѓе. За разлика од нив, науката располага со поинакви факти кои можат да ве изненадат.

10 факти за ајкулите кои ќе ве изненадат

  • Постојат повеќе од 400 видови ајкули, но само 6 од нив имаат убиено повеќе од еден човек.
  • Каснувањето од ајкула ретко е причина за смрт кај луѓето. Тие често пати каснуваат затоа што ги користат забите за да испитаат дали она што се наоѓа пред нив е храна или не, а со оглед на тоа што човекот не е нивната храна тие најчесто си заминуваат. Смрт сепак може да настапи поради големо губење крв како последица од каснувањето.
  • Ајкулите се посилни и побрзи од луѓето. Ако ајкулата реши да нападне човек тој нема начин како да се спаси. Сепак, човекот не е храна за ајкулите и затоа нападите се ретки.
  • Секоја година се регистрираат напади од ајкули врз луѓе. Не е познато зошто тие напади се случуваат, но научниците претпоставуваат дека се работи за вознемиреност на ајкулите кога има премногу луѓе во нивното природно живеалиште.
  • Годишно се регистрираат 70-100 напади на ајкули врз луѓе, а околу 15 од нив завршуваат со смрт. Најголем дел од нападите се случуваат во плитки води.

10 факти за ајкулите кои ќе ве изненадат

  • Ајкулите имаат повеќе вилици. Кога една од нив ќе се скрши, онаа која е зад неа го зазема нејзиното место.
  • Најбрзиот вид ајкула може да плива и до 30 км/ч. Со таа брзина може да ги брка и најбрзите риби во океанот.
  • Најмалиот вид ајкула е долг само 20 см.
  • Годишно се ловат по 100 милиони ајкули, така што човекот е поголема закана за нив отколку обратно. Причината за ловот најчесто се перките на овој предатор. Ловците практикуваат да уловат ајкула, да ѝ ги исечат перките и да ја вратат во океанот. Не можејќи да плива и да лови без нив, таа паѓа кон дното и умира.
  • Постои мит дека ајкулите не можат да заболат од рак и поради тоа се ловат уште повеќе со цел да се прават лекови од нив. Сепак, и кај нив може да се појави рак.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар