„Паметен кондом“ следи колку е мажот добар во кревет и дали има полово преносливи болести

Дами, сте се прашале ли некогаш дали постои парче технологија што може да ви каже дали личноста со која планирате да спиете има полово преносливи болести? Момци, дали некогаш сте посакале да ги следите вашите сексуални перформанси, како еден вид видео игра? Не мора веќе да се прашувате и да барате, технологијата ги слушна вашите молби!

Британски кондоми, најголемата продавница за презервативи во Велика Британија, го создала првиот „паметен кондом“ наречен i.Con што ја следи вашата сексуална издржливост – времетраење, брзина, цврстина и согорени калории – за време на еден сексуален однос и може дури и да детектира дали мажот има кламидија или сифилис.

Со други зборови, вие го носите кондомот на нормалниот начин, но додавате и еден прстен што се мести на основата на кондомот (тој може повеќепати да се употреби) каде што се запишуваат сите информации, анонимно, користејќи нано-чип и Блутут технологија. Корисниците дури имаат можност и да ги споделат овие податоци со нивните пријатели, како и со сите останати.

(2) „Паметен кондом“ следи колку е мажот добар во кревет и дали има полово преносливи болести

Досега имало над 90.000 нарачки за i.Con по цена од 59,99 фунти, што ни кажува дека постои голем интерес за производот дури и покрај тоа што сè уште не е излезен официјално во продажба. Водечкиот инженер, Адам Леверсон, вели дека тој е хит токму поради способноста да детектира одредени полово преносливи болести.

Во моментов i.Con е во финалните фази на тестирање. Што мислите, дали кога тој ќе биде достапен за пошироката јавност би сакале да го тестирате и самите?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар