Прекрасни приспивни песнички што веднаш ќе го заспијат вашето бебе - Part 2

Прекрасни приспивни песнички што веднаш ќе го заспијат вашето бебе

„Sleep, Baby, Sleep“

Оваа песничка содржи многу убави поетски слики. Мајката го протресува дрвото на соништата за да можат соништата полека да паднат надолу како лисја. Кое дете не би сакало да заспие со таква слика во главата?!

„Twinkle, Twinkle, Little Star“

Оваа песничка ја зборува вистината. Секое дете гледа во небото и се обидува да ги разбере ѕвездите. Испејте му ја оваа песничка на вашето дете пред спиење, додека тоа гледа низ прозорецот и им се воодушевува на небесните тела.

„You Are My Sunshine“

Станува збор за кантри песна од Џими Дејвис и Чарлс Мичел напишана во 1939 година која зборува за скршено срце. Но, родителите обично ја прескокнуваат првата строфа и веднаш преминуваат на рефренот кој ги потсетува децата колку се посебни.

„Swing Low, Sweet Chariot“

Многумина веруваат дека оваа песничка била напишана со алузии на движењето Подземна железница (Underground Railroad) кое им помогнало на робовите да избегаат во Северна Америка.

„A Dream Is a Wish Your Heart Makes“

Од сите прекрасни Дизни песнички, оваа на Пепелашка е дефинитивно најубава. Освен тоа, песничката крие голема поука дека можете да направите сѐ што ќе замислите, доколку имате верба. Пепелашка ги охрабрува децата да сонуваат и да веруваат дека можат да ги остварат нивните соништа.

„Danny Boy“

Оваа ирска приспивна песничка е носталгична, волшебна и игрива, но најискрено звучи кога е испеана.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар