Прекрасни приспивни песнички што веднаш ќе го заспијат вашето бебе - Part 3

Прекрасни приспивни песнички што веднаш ќе го заспијат вашето бебе

„All the Pretty Horses“

Ако барате приспивни песнички за вашето дете, „All the Pretty Horses“ е одличен избор. Песничката зборува за сите прекрасни коњи кои детето ќе ги види кога ќе се разбуди.

„Baby Mine“

Уште една Дизни песничка од цртаниот филм „Дамбо“. Сигурно ви е позната, бидејќи никој не може да ја заборави сцената кога мајка му на Дамбо, госпоѓа Џамбо, го лулкаше нејзиното бебе со големи уши за да заспие во нејзината сурла.

„All I Have to Do Is Dream“

Браќата Еверли тука пеат за романтична љубов, но слободно можете да си направите ваша верзија и да пеете за мајчинската љубов. Земете го вашето бебе во раце и почнете со пеење.

„Lullabye (Goodnight, My Angel)“

Били Џоел ја напишал оваа песна за ќерка му Алекса Реј Џоел и таа во себе носи моќна порака. Нејзината намера е да го потсети детето дека без разлика на тоа што ќе се случи во животот, никогаш нема да остане само.

„Somewhere Over the Rainbow“

Џуди Гарланд ја направи оваа песничка позната благодарение на нејзината извонредна изведба во филмот „Волшебникот од Оз“. Дороти знаела дека постои место каде што сите грижи исчезнуваат, а соништата владеат.

„Silent Night“

Ова е најубавата песничка со празнична тема. Освен што е смирена и нежна, таа ја раскажува божиќната приказна што несомнено ќе им се допадне на сите деца.

Расположени сте за уште неколку приспивни песнички? Преминете на последната страна


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар