Филм: Куќа на среќата (The House)

Филм: Куќа на среќата (The House)

Татко и мајка отвораат нелегално казино во домот на нивниот пријател за да заработат пари да ја пратат ќерка им на факултет

(1) film-kukja-na-srekjata-the-house-www.kafepauza.mkРежија: Ендрју Џеј Коен

Улоги: Ејми Полер, Вил Фарел, Џејсон Манцукас

Времетраење: 148 минути

Премиера: 29 јуни 2017

Јазик: англиски

Жанр: комедија

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 6,33 од 10)
Loading...

 

Ако сте љубители на комедиите, тогаш сигурно сте забележале дека во последно време тие стануваат сè поапсурдни со пренагласувањето на негативните карактеристики на луѓето и општо на целото општество. Се исмејуваат стереотипи и се романтизираат застрашувачки настани, до тој степен што преминуваат од хумор во навреда. Да не зборуваме и за типичните невкусни голотии, што станаа клучна сцена на секоја комедија – жанрот толку многу се промени што веќе слободно можеме да му дадеме и нова дефиниција. И да бидеме реални, повеќето од нас не би ни помислиле да стапнеме во кино на филм со ваква содржина, доколку не беа вклучени некои големи актерски имиња. Тие се единственото нешто што ги одржуваат овие филмови во живот.

(7) film-kukja-na-srekjata-the-house-www.kafepauza.mk (5) film-kukja-na-srekjata-the-house-www.kafepauza.mk

Што се однесува до „Куќа на среќата“, тој не се разликува воопшто од неговите претходници. Преполн со големи имиња, како Ејми Полер и Вил Фарел, тие ја задоволуваат потребата за талент, но тоа е сè. Приказната се врти околу брачен пар што отвораат нелегално казино во домот на нивен пријател за да заработат пари да можат да ја испратат ќерка си на факултет. Целта ги оправдува средствата, зарем не? Нивниот пријател, толкуван од страна на Џејсон Манцукас, ја прифаќа нивната идеја и ја развива во нешто многу поголемо. Тој ја има улогата на „лудиот“ карактер што е својствен за филмовите од овој жанр, но зачудувачки, иако неговите дела се непредвидливи, тој е можеби и „најнормалниот“ во целата приказна.

(2) film-kukja-na-srekjata-the-house-www.kafepauza.mk(4) film-kukja-na-srekjata-the-house-www.kafepauza.mk

Кога нештата очекувано ќе излезат од контрола, на насилството му нема крај (очекувајте прилично живописни крвави сцени!). И покрај тоа што хумористичниот начин на раскажување доминира, сепак ако не поднесувате крв, големи се шансите дека ќе ви биде непријатно во текот на целиот филм. Да преминеме на најважното прашање – дали овој филм е смешен? Одговорот е: ДА! Полер и Ферел имаат одлична хемија и нивната трансформација од обични родители во застрашувачки мафијаши ни нуди забавни моменти, но тие се поретки од останатите непријатни сцени што со сигурност ќе ве замислат дали гледате комедија или пак, некој нов вид криминален хорор…

(3) film-kukja-na-srekjata-the-house-www.kafepauza.mk (6) film-kukja-na-srekjata-the-house-www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар