Прекрасни приспивни песнички што веднаш ќе го заспијат вашето бебе

Прекрасни приспивни песнички што веднаш ќе го заспијат вашето бебе

„My Bonnie Lies Over the Ocean“

Станува збор за традиционална шкотска народна песна. Бидејќи темата во песната е двосмислена, слободно можете да му ја пеете на вашето бебе и да му помогнете да заспие.

„I Want to Hold Your Hand“

Станува збор за еден од најраните хитови на Битлси, кој е исто толку волшебен и нежен како и сите останати традиционални приспивни песнички. Стиховите се пристојни, па затоа слободно можете да му ги пеете на вашето дете.

„La La Lu“

Уште една Дизни песничка од цртаниот филм „Дамата и скитникот“ која содржи прекрасни поетски слики и стихови како што е „Ќе го изметам ѕвездениот прав за тебе“. Звучи волшебно, се согласувате?

„Puff the Magic Dragon“

Во песничката се работи за мало момче по име Џеки и неговиот пријател, змејот Паф. Иако крајот е тажен, Џеки пораснува и Паф се враќа во неговата пештера, кое дете не би сакало дружељубиво змејче за пријател?!

„Your Song“

Современото ремек-дело на Елтон Џон слободно може да се искористи како приспивна песничка. Испејте му ја на вашето дете и тоа ќе мисли дека песната е напишана само за него.

„Sweet Dreams“

Оваа песничка е посебна затоа што се работи за дует. Родителот го пее првиот стих, детето продолжува и на крајот родителот ја завршува песничката додека бебето полека потонува во длабок сон.