Интересни факти за виолината

Автор: Горана Коневска

Колку и да е мало или големо вашето познавање околу музиката и музичките инструменти, претпоставуваме дека има некои интересни податоци на кои не сте ни помислиле. Веруваме дека ќе ви биде забавно да ги прочитате овие факти посветени на виолината.

Интересни факти за виолината

1. Со еден час свирење на виолина музичарот троши околу 170 калории.

2. Современата виолина е направена од 70 различни парчиња дрво.

3. Современата виолина е направена за првпат пред нешто помалку од  500 години од Андреа Амати (дизајнирана е отприлика во 1555 година).

4. Најскапата виолина била продадена на аукција по цена од  $3.544.000. Станува збор за виолина „Страдивариус“.

5. Најмалата виолина е долга 37 милиметри.

6. Виолинистите користат поголем дел од мозокот, а имаат и посилна конекција помеѓу двете страни на мозокот, за разлика од оние кои не свират виолина.

7. Рекордот во брзина на свирење на виолина е поставен во делото „Бумбаровиот лет“. Целото дело било отсвирено за 1 минута и 6,56 секунди, или поточно биле свирени 13 ноти во една секунда.

8. Некои видови гудала се направени од влакна од коњска опашка.

9. Виолината е најбројниот инструмент во еден оркестар.

10. Виолината е еден од ретките инструменти каде левата рака е позиционирана во неприродна положба за телото.

11. Виолината е најпопуларен инструмент кај децата.

12. Овој инструмент бил сметан за инструмент на ниските социјални слоеви. Со употребата на виолина во операта „Орфеј“ на Клаудио Монтеверди, а и со создавањето на ансамбл од 24 виолини во дворот на кралот на Франција Луј Осми, овој инструмент започнува да го достигнува својот престиж.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар