Филм: Ловецот и ледената кралица (The Huntsman: Winter's War)

Филм: Ловецот и ледената кралица (The Huntsman: Winter’s War)

Долго пред Снежана, лошата кралица имала друг ривал – нејзината сестра, Фреја, која по смртта на Равена станува уште поголема закана за светот!

(1) Филм: Ловецот и ледената кралица (The Huntsman: Winter's War)Режија: Седрик Николас Тројан

Улоги: Крис Хемсворт, Џесика Честеин, Шарлиз Терон, Емили Блант

Времетраење: 114 минути

Премиера: 21 април 2016

Јазик: англиски

Жанр: авантура, драма, акција

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (7 гласа, просек: 8,43 од 10)
Loading...

Се сеќавате на филмот „Снежана и ловецот“? Станува збор за еден вид продолжение на истиот, кој нè води назад во минатото (пред првиот дел), а потоа повторно во сегашноста (после првиот дел) и ни ја раскажува приказната за ловецот и неговото патување низ животот и љубовта. Овој пат, во центарот на настаните се наоѓа Фреја (Емили Блант), која е малку пофина сестра на злобната кралица Равена (Шарлиз Терон).

(2) Филм: Ловецот и ледената кралица (The Huntsman: Winter's War) (3) Филм: Ловецот и ледената кралица (The Huntsman: Winter's War)

Нејзиното срце било скршено, па овој трагичен настан во неа разбудил неверојатни ледени моќи кои ќе ја инспирираат да го напушти својот дом и да изгради ледено кралство на северот. Ако го тргнеме настрана фактот дека нема Снешко што зборува, ве потсетува оваа приказна на нешто? Да се вратиме назад на филмот. Со цел да освои повеќе земји, Фреја регрутира и тренира армија од ловци, вклучувајќи ги и заљубените Ерик (Крис Хемсворт) и Сара (Џесика Честеин). Но, бидејќи романсата не е дозволена во оваа ледена земја, Фреја решава да ги измами и раздели.

(4) Филм: Ловецот и ледената кралица (The Huntsman: Winter's War) (5) Филм: Ловецот и ледената кралица (The Huntsman: Winter's War)

7 години подоцна, откако Ерик ќе ѝ помогне на Снежана при убивањето на Равена (за оваа приказна треба да го гледате првиот дел), тој и Сара повторно се сретнуваат, и со помошта од неколку будалести џуџиња, тие ќе се обидат да ја спречат Фреја да го земе магичното огледало и да дојде до уште поголема моќ од нејзината сестра. Па, дали овој филм вреди да се гледа? Секако дека да. Најмногу поради фактот што имаме неверојатен тим актери на едно место, кои брилијантно ги оживуваат своите ликови. Дали би кажале дека е најубавиот филм од сите? Дефинитивно не, но е доволно добар за да одвоите малку време со цел да се опуштите и да се изгубите во неверојатните специјални ефекти…

(6) Филм: Ловецот и ледената кралица (The Huntsman: Winter's War) (7) Филм: Ловецот и ледената кралица (The Huntsman: Winter's War)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар