ТВ серија: Задржување (Containment)

ТВ серија: Задржување (Containment)

Застрашувачки вирус се шири низ Атланта, убивајќи ги сите заболени за само неколку денови

(1) ТВ серија: Задржување (Containment)Главни улоги: Дејвид Гееси, Крис Вуд, Кристен Гатауски, Клаудија Блек

Жанр: драма

Креатор: Џули Плек

Премиера: 19 април 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...

Првата епизода започнува со неколку минути од 13-от ден по појавата на застрашувачкиот вирус во Атланта. На улиците владее комплетен хаос, луѓе трчаат на сите страни, обидувајќи се да се тргнат настрана од заболените, полицијата се обидува да воведе ред, неуспешно, можеме да видиме и како некои плачат за починатите, а други бараат помош за оние кои се едвај живи. Брзо потоа приказната нè враќа назад, за време на 1-от ден, покажувајќи ни како започнало сè, притоа запознавајќи нè и со главните ликови и нивната историја.

(2) ТВ серија: Задржување (Containment) (3) ТВ серија: Задржување (Containment)

Постои причина зошто оваа ТВ серија се вика „Задржување“. За разлика од другите приказни со епидемија, овој пат не се соочуваме со спречување на вирусот пред да биде доцна. Во оваа серија работите брзо бегаат од контрола и сè што останува да се направи е да се изолираат заболените и сите околу нив од останатите, осудувајќи ги оние кои ќе останат во епицентарот на сигурна смрт. Од друга страна пак, како што дејството се развива, така сфаќаме и дека можеби причината за појавата на овој вирус не е случајна. Со оглед на тоа што нултиот пациент доаѓа од Сирија, само еден ден пред вирусот да удри во полн ек, би рекле дека е преголема коинциденција ако не станува збор за биолошко оружје.

(4) ТВ серија: Задржување (Containment) (5) ТВ серија: Задржување (Containment)

Приказната почнува да се развива побавно одошто би очекувале за ваков вид серија, но без сомнение таа содржи голем потенцијал. Станува збор за драма со детално разработени ликови и приказна која става акцент на љубовта и блиските кои се разделени од електрична ограда. Па, доколку сте расположени за постапокалиптично сценарио со застрашувачки вирус кој разорува сè пред себе, тогаш без сомнение треба да ѝ дадете шанса на оваа ТВ серија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар