Претходно
Направете сами: Тепих што свети во темнина
Интересен концепт кој ќе го освежи вашиот дом и ќе ви овозможи луда атмосфера за забави

Потребни материјали:
- 1-7 метри долго парче LED кабел, во зависност од големината на тепихот
- Игла или јадица за плетење со дебелина од 12 милиметри
- Клопче од текстилно предиво
Одберете го соодветниот вид игла или јадица за плетење

Погрижете се да одберете високо квалитетно текстилно предиво

Бидејќи кабелот ќе биде ригиден нема да можете да го свиткате доволно за да започнете да го поставувате од центарот, па направете неколку кругови без него

Започнете со вметнувањето на кабелот во плетката и не го стегајте премногу со конецот

Продолжете со плетењето, одржувајќи ја истата шема

За да добиете доволно светлина, оставајте поголеми празни простори

Имајте на ум дека големината на вашиот иден тепих зависи од должината на кабелот, па за да добиете идеја колкави ќе бидат пропорциите, свиткајте го во спирала пред да почнете со работа

Кога ќе стигнете до крајот, продолжете уште малку со плетењето без кабелот, со цел да направите убав круг и вплетете го крајот

За крај, сплетете го крајот, со цел да добиете совршен килим

Тестирајте го ефектот така што ќе ги вклучите LED светилките






























